Предигра за паметење



Сексолозите истакнуваат дека токму предиграта одредува дали сексот оди во добра или лоша насока.


За да изведете одлична предигра, направете го следново:

Нека биде слатко


Предиграта буквално може да биде слатка. Наредете му да легне, а потоа врзете му ги рацете за креветот. Земете шлаг и намачкајте го по телото, а потоа полека излижете го, со тоа што стратешките места ќе ги оставите за на крај. Без оглед на тоа колку ќе ве моли акцијата конечно да почне, немојте веднаш да престанете. Оставете го некое време да се мачи, а потоа заеднички експлодирајте.

Заведете со колковите


Пуштете ја гласно неговата омилена музика. Пријдете му во стил на секси филмска дива, а потоа предложете му да заигра со вас. Прилепете се до неговото тело и заедно препуштете се на секси танц. Повеќето мажи велат дека не сакаат да танцуваат, но верувајте дека таков танц нема да одбие.

Голо, а покриено
Предиграта не мора да започне во спалната соба. Напротив. Договорете се еден ден да дојдете по него на работа. За таа прилика облечете само мантил и ништо одоздола. Високите потпетици се задолжителни. Кога ќе влезе во автомобилот, направете мантилот како „случајно“ да ви се раскопчал, а притоа да не ги откриете градите. Кога тој ќе сфати што имате на ум… можеби и некаде ќе застанете патем.

Моќта на високите потпетици
Мажите обожаваат да видат женски нозе во високи потпетици. Зашто да не му го овозможите тоа и во спалната соба? Облечете секси долна облека, свилени чорапи со подвезици и облечете чевли

со високи потпетици. Не му дозволувајте да ве допира додека вие не одлучите дека е време за акција.