Мајка со рисче на Јабланица: Погледнете какви фотографии сними ловечкото друштво



По подолг мониторинг на Програмата за заштита на балканскиот рис, која ја спроведува Македонско еколошко друштво (МЕД), сликана е мајка рис со младо на планината Јабланица. МЕД досега преку методот фотозамки има слики од три риса на Јабланица, но ова е првпат да има слика од мајка со рисче.


– Сликите ги добивме од ловечкото друштво „Черн камен“ од Вевчани со кое соработуваме две години. Ова е одличен податок кој покажува дека овој загрозен вид се размножува и надвор од неговото јадрово подрачје, а тоа е националниот парк Маврово – изјави Диме Меловски, раководител на програмата за заштита на балканскиот рис од МЕД, пишува Макфакс.

Погледнете ги фотографиите:


Страни: 1 2