Подгответе го телото: Како да зачнете побрзо и бременоста да ви помине без проблеми

Кога бременоста ви е планирана, од исклучителна важност е да го подготвите како телото, така и умот за големиот настан. Ова ќе помогне да зачнете побрзо и бременоста да ви помине без проблеми, предизвикани од невнимание или “немарливост” кон самата себе.

Грижете се за организмот и оваа машина со превисок самостоен разум ќе ве изненади пријатно. Генерално здравствената состојба, како и претходните заболувања можат да имаат влијание врз бебето. Консултирајте се со лекар за можните ризици за мерките кои треба да се земат, ако се налага.

Направете преглед и кај гинеколог, тој ќе биде еден од најблиските луѓе за време на бременоста. Фолната киселина помага за правилен раст и развој на клетките. Многу мал дел од жените пијат доволно витамини од Б групата само преку храната.

Прашајте го лекарот и ако тој процени, земајте таблети витамини барем два месеци пред зачнувањето, како и во првите месеци од бременоста. Здравата исхрана е важна и за вас, и за вашиот партнер. И двајцата треба да јадат овошје и зеленчук, да ја намалат солта и конзервираната храна. Добрата исхрана дава шанса на вашето бебе за добар почеток во животот. Информирајте се добро и за храната, која е препорачливо да не ја земате.

Страни: 1 2