Си мислиш дека пиеш јогурт, а всушност пиеш пача измешана со штетниот скроб

Одамна се зборува за ѓубрето, кое се става во јогуртот, сирењето и кашкавалот, но потрошувачите дури и не се сомневаат дека гадостите се многу повеќе отколку што може да очекуваат, велат од gradina.mk.

Ова не само што е заблуда за луѓето за повисоки профити, но и опасна игра со здравјето на потрошувачите. Не сè што е изложено во продавницата и има бела боја, е млечен производ, ниту пак жолтата грутка значи кашкавал.

Нема да заборавите: Што треба да направите за Василица и стара Нова година

Свети Василиј е роден во времето на царот Константин. Уште како некрстен петнаесет години во Атина ги изучуваше философијата, реториката, астрономијата и сите други светски науки на она време. Школски другари му беа Св. Григориј Богослов и Јулијан, подоцна цар отстапник.

Во зрелите години се крсти на реката Јордан заедно со својот поранешен учител Евул. Беше епископ на Кесарија Кападокиска речиси десет години, а својот земен живот го заврши кога наполни педесет години од раѓањето. Голем поборник на Православието, голем зрак на морална чистота и набожна ревност, голем богословски ум, голем устроител и столб на Божјата Црква – Василиј се нарекува Велики со полна заслужност.

Што се случува со нас кога спиеме во ладна соба

Сите знаеме дека спиењето е особено важно за добро здравје. Но, една нова студија покажала дека спиењето во студена соба може значително го подобри квалитетот на вашиот сон. До неодамна научниците верувале дека возрасните немаат кафеави маснотии, но во текот на последните неколку години била пронајдена многу мала количина, во вратот и горниот дел на грбот кај многу возрасни. Ова е многу важно затоа што кафеавите маснотии, за разлика од познатите бели маснотии, се важни за активноста на метаболизмот. Експеримент со глувци покажал дека потребно е шеќерот да биде исфрлен од крвта, со цел да почнете да согорувате калории и да ја одржувате внатрешната температура на телото.

Ќе пушиме ли повеќе, ако ги смениме цигарите

Многу истражувачи се загрижени дека пушењето на цигари со пониска содржина на никотин доведува до зголемување на бројот испушени цигари. Последната студија покажува дека содржината на никотин не води до зголемување на интензитетот на пушење.

Никотинот во цигарите е главната компонента која кај луѓето прави зависност. Тој се смета за супстанца, од која човек тешко се одбива.

Многу студии досега посочуваат дека голем дел од пушачите се плашат да ги сменат цигарите со полесни, затоа што мислат дека тоа ќе ги натера да пушат повеќе.

Aлертни фази од денес: Очекувајте ниски температури

Согласно најавата од Управата за хидрометеоролошки работи, денес за целата држава се предвидуваат ниски температури од алертна (жолта) фаза, освен во полошкиот регион (Тетово, Гостивар, Кичево, Македонски Брод) каде се предвидуваат пониски температури кои спаѓаат во портокалова фаза.

Препораките за ослободување од работни обврски на бремените жени и хронично болните лица над 60 години, остануваат да важат само за регионот зафатен со портокалова фаза (полошки регион – Тетово, Гостивар, Кичево, Македонски Брод).

За работниците кои работат на отворено во полошкиот регион зафатен со портокалова фаза, се препорачува да се внимава работните обврски да ги практикуваат од 10 до 16 часот со повремени паузи на секои два часа, по половина час во топла просторија, и со топли напитоци.