Земи ја во раце, стисни ја силно. Не и кажувај дека ја сакаш … сама нека ти прочита во очите…

– Дедо, сакам да сум како тебе…
– Зошто синко?
– Те гледам како ти светнуваат очите кога баба ќе влезе во собата. Сакам и јас да го имам тоа. Се учи ли тоа бе дедо?
– Синко, не научив јас многу школи, ама животот добро го научив. Тоа што го знам, тоа ти го кажувам… Некои луѓе мислат дека радоста е во многу жени. Тие се кукавици синко. Тие само земаат, а се плашат нешто да дадат. А ти, не се плаши да сакаш само една жена. Дека жената е рудник со секакви скапоцености. Тие драги камења се скриени од оние кои сакаат да бидат со неа само за една вечер. Но еден добар рудар знае дека за најубавите дијаманти човек мора да се помачи. А вистинската жена секогаш ќе те наградува со скапоцености. Дека тие извираат длабоко од неа и колку подлабоко одиш, се повеќе ги има. Но мора да се бориш за неа синко. Како лав да се бориш. Да ја пазиш како капка водичка во сува земја. Земи ја во раце, стисни ја силно до себе. Не и кажувај дека ја сакаш… сама нека ти прочита во очите. Запомни, таа нема никогаш да биде сосема твоја ако ти не си сосема нејзин. И дај и слобода синко… колку е поубаво кога таа секогаш ти се враќа по своја воља. Никаков прстен и никаков документ не ја натерале, туку нешто во тебе… Заради тоа што те избрала ете баш тебе, затоа се враќа. Дека тоа невидливото јаже со кое се врзала самата за тебе, ја тегне назад. И колку е подалеку од тебе, толку повеќе ја стега… ја гуши и ја тера што побргу да си дојде. И се нешто ќе те прашува, колку да ти го чуе гласот. Да се увери дека и ти си тука за неа. Толку му треба на човек синко. Да знае дека има некој. И дека некој го има него.

Автор: Драган Таневски
#колекционер 1-5
www.dragantanevski.com/нарачки

Што значи ако си имате работа со Шкорпија

Шкорпијата е страстен љубовник и лојален другар. Таа ќе ве заштитува и брани во секој миг. Спаѓа во категоријата водни знаци, што ја прави емотивна личност и ѝ помага да се прилагоди во својата околина.

Одредени особини како што се истрајноста, решителноста, одлучноста, жестокоста и моќта, се јавуваат кај сите шкорпии. Тие се страсни, со многу интензивни чувства, на моменти повлечени во себе, анализирајќи ги задоволството и тагата кои животот ги носи. Шкорпијата е фиксен знак, кој стои цврсто на земја и има огромно разбирање за другите луѓе. Умее да ги држи ситуациите под контрола и да ги коригира работите, со цел да воспостави ред и мир.
Продолжува на следната страна:

Разделбата не е лесна: Kако да препознаете дека е време да го напуштите?

Разделбата не е лесна работа, особено ако сте биле заедно со партнерот подолго време. Но, некои врски едноставно немаат иднина. Колку повеќе чекате, толку подолго време ќе ви е потребно да го преболите.

Еве како да препознаете дека е време да ја напуштите врската во која не го добивате она што ви е потребно:

Не прави да се чувствувате среќни. За да бидете среќни, не е потребно тој да биде богат, постојано да ви приредува екстравагантни изненадувања или да ви купува подароци. Ако има желба, еден маж може да ја направи својата партнерка среќна на многу едноставни начини – преку комплименти, романтична вечера на свеќи, една роза или едноставно со изразување на својата љубов. Ако тој воопшто не се обидува да ве направи среќна, тогаш најдобро е да го заборавите и да дозволите некој друг да ја врати среќата во вашиот живот.

Што не очекува денеска според хороскопскиот знак?!

Овен
Бизнис: Нема пречки на професионалниот пат на Овен овој четврток. Постои можност да се воведат некои новини во постојниот работен процес.

Љубов: Високо ниво на страст и позитивна енергија денеска ќе ги следат оние членови кои се насочиле кон одредена освојувачка акција. Само напред.

Здравје: Нема значајни предупредувања.

Текстот продолжува на следната страна

ДАЈТЕ МУ ВРЕМЕ НА ВРЕМЕТО – ТРПЕНИЕТО ПОБЕДУВА СЕ!

Постои една стара поговорка која вели „Трпението победува сè“.

Трпеливоста е најважната и најтешка лекција. Оние кои се неуспешни се откажале премногу брзо. Уште први првата препрека почнале да се сомневаат во своите способности и одлучле да се откажат. Успешните се оние кои и покрај сите предизвици тврдоглаво чекореле напред кон целта.

Трпеливоста не учи да донесуваме мудри одлуки и подобро да ги проценуваме нештата.

Постои една стара поговорка која вели „Трпението победува се“.
Кога во еден миг пред вашите очи се ќе почне да се руши, немојте да очајувате Се поминува, така и лошите случувања. Доколку му дозволите на времето да ви покаже зошто пред вас ги поставило тие искушувачки мигови, многу подобро ќе ја сфатите суштината на сите тие страдања.

Знајте дека за големите и вредни нешта е потребно многу време, ништо што е значајно не се случува преку ноќ. Дајте му време на времето!