Ефикасен лек од природата: Лисјата од смоквите не штитат од неколку масовни болести, погледнете кои …

Лекарите постојано алармираат дека стануваме се повеќе болни, а седентарниот начин на живот и секојдневниот стрес се почесто не водат кон матичниот лекар. Често болестите кои ги сметаме за неизлечиви, можат да бидат надминати со лекови од природата, кои се околу нас, а ние не се сомневаме за чудесните својства. Еден од нив се листовите на вкусната и прекрасна смоква.

Напивката од нив прави чуда со страдалниците од дијабетес – тоа им помага за слабеење и симнување на висок крвен шеќер. Чај од смоквинови листови пак е силен потег против лошиот холестерол, кој предизвикува голем број кардиоваскуларни заболувања. Добар ефект се добива исто така, ако листовите се конзумираат сурови.

Да бидеме свесни за аутизмот. Тие деца не се невоспитани туку само хиперактивни. И тоа не е хендикеп, туку благослов…

Гледам си ги одбележувате профилните слики сини во знак на свесност за аутизмот. Добро е тоа, да бидеме свесни за аутизмот. Но знаете што е подобро? Да пробаме да ги разбереме родителите на аутистични деца кога ќе излезат да седнат некаде на кафе, а детето им се понаша „чудно и нестандардно“. Да пробаме да се насмевнеме, да го погалиме, да си поиграме со тоа дете наместо да го гледаме како некакво изродче и фрикче. Да пробаме да не го вртиме погледот настрана и да не ццкаме. Тие деца не се невоспитани туку само хиперактивни. И тоа не е хендикеп, туку благослов. Тоа е затоа што му се радуваат на животот и на сето она што ги опкружува за разлика од некои намќори кои во ништо веќе не наоѓаат задоволство.

Овие деца се постојани истражувачи и авантуристи и затоа мораат се да видат, се да пипнат, се да превртат. Можеби нема да ви одговорат кога ќе ги прашате нешто, ама тоа не значи дека се глуви или ретардирани, туку дека во моментот имаат некоја многу поважна работа, на пример да избројат со поглед колку плочки има во просторијата, колку маси и столици има, и зошто фугата на еден ред плочки е поширока од другите. И на пример, кој се осмелил да го заштрафи на криво сушачот за раце во вецето. Да пробаме да разбереме дека си ги затвараат ушите кога одеднаш ќе се чуе силен звук, затоа што нивните сетила се далеку поизострени од нашите. Да, да… тие преку три затворени врати можат да го чујат звукот од омилената реклама и да дотрчаат во дневна за да уживаат во сензорниот спектакл од бои и звуци. Наместо да ги осудуваме, да пробаме да разбереме дека она што ние го нарекуваме стандардно, за овие деца не важи. Тие се вонстандардни. Тие се многу повеќе од нас. Тие слободно летаат. А за оние на земјата, летањето секогаш предизвикувало завист. И така, свесноста за аутизмот значи многу повеќе од обојување на профилната слика во сино. Значи да се наведнеш, да чучнеш ако треба на земја, да се вклучиш во играта на тоа дете наместо да го натераш да игра по твое. Дека, според тоа каков е светот, очигледно е дека нашето апсолутно не чини. Можеби баш тоа дете што тебе ти изгледа „чудно и необично“ дошло на светов за да го направи бар за нијанса подобар? Запамти го моментот кога тоа дете било во твоја близина. Бидејќи си се сретнал со нешто многу поголемо од себе.

Пишува: Драган Таневски

По повод 73 годишнината од постоењето на МНТ – Скопје, на 03 април ќе биде отворена изложбата „Моќта на актерот”

По повод 73 годишнината од постоењето на Македонски народен театар – Скопје, на 03 април во 12 часот, во фоајето на театарот, ќе биде отворена изложбата „Моќта на актерот”. Изложбата е посветена на актерите кои ги имало во разни претстави, на оние актери на кои најбројни им се т.н. епизодни ликови, без кои не може речиси ниту една претстава. На оние кои многу посветено и дисциплинирано го направиле секој лик свој, му ја дале својата душа.

Поместени се оригинални фотографии на повеќе од триесет актери кои работеле од првата сезона на МНТ, далечната 1945/46 година, па сè до почетокот на овој век. Тоа се: Вера Вучкова – Жежељ, Добрила Пуцкова, Добрила Чабриќ – Ивановска, Тома Киров, Кирил Ќортошев, Цветанка Јакимовска, Ратко Гавриловиќ, Драга Арсенска – Велможин, Драги Крстевски, Стојка Цекова, Борис Стефановски, Драги Костовски, Пантелеј Мирковски, Таше Кочовски, Кирил Попов, Вукан Диневски, Чедо Камџијаш, Анче Џамбазова, Димитар Костов, Кирил Андоновски, Душко Костовски, Владимир Светиев, Александар Џуровски, Кирил Псалтиров, Мирче Доневски, Кирил Коруновски, Александар Шехтански и Гоце Влахов.

Запознајте ја Катица Донева – Таа е македонка со повеќе од 30.000 фанови на Инстаграм

Катица Донева има само 18 години и таа е една од најпопуларните Македонки на Инстаграм со повеќе од 30.000 следбеници.

Таа студира фармација, а во продолжение можете да погледнете неколку фотографии од нејзиниот Инстаграм профил:

Иновативен производ од македонскиот луксузен машки бренд Signori

За македонскиот бренд кој изработува уникатни и квалитетни машки одела, Signori, луксузноста е во деталите. Благодарение на вниманието кое го имаат за потребите на своите клиенти во процесот на консултација деталите ги водеа Signori до новиот и иновативен моден елемент Tucker Shirt-Stay.

Основачите не Signori, Крис Поповски и Ненад Пантовиќ, многу добро знаат дека изгледот е клучен. Тие во својата потрага за соодветни решенија за стил, удобност и функционалност не беа успешни па затоа си создадоа сопствено решение.

Новиот пристап ги поттикна Signori на непредвидлив начин да решат еден значаен машки моден предизвик. Tucker Shirt-Stay моментално е еден од наједноставните и најудобните модни елементи за задржување на кошулата во панталоните, без нејзино растегнување при движењата во текот на денот. Овој производ на уникатен начин користи еластична тензија за впечатлив имиџ. Tucker Shirt-Stay е удобен и прикриен. Со гумените држачи и слотот за копчиња гарантира дека кошулата ќе остане уредна, држејќи ја ниско и блиску до телото без непријатен изглед и чувство.