Не трошете храна, таа е Божји дар за човекот – Отпадната храна за нас, е најдобрата храна за некого!

Отпадната храна за нас, е најдобрата храна за некого!

Споделете и раширете!

Текст од првата книга Урбани херои на Драган Таневски: ИЗГУБЕНО–НАЈДЕНО

ИЗГУБЕНО–НАЈДЕНО

Скопје–Франкфурт. Се стига брзо со авион. Ама не толку брзо за да не можам да си направам муабет со дечкото што седеше до мене. Работел во Центарот за изгубено–најдено. Искрен човек, морам да признаам… се отвори до коска. Какви приказни ми раскажа, уф… дали се за кажување, не знам. Ај ќе ризикувам.
Еве, кога го прашав што најчесто пријавуваат луѓето дека нашле, тој отсечно ми кажа – време. Го наоѓаат на разни места – на улица, во автобус, во кафеани, на станици, во матично, по школите, по судовите… Луѓето најчесто губат време. Минути, часови, денови, децении. Но за чудо, никој не пријавил загубено време досега. Па се чудевме, дали воопшто знаат луѓето дека постои Центар за изгубено-најдено во градов. Признај, и ти не знаеше дека постои ваква служба. Е па, има. Сега си информиран. Да се вратам на приказната. Многу често меѓу загубените предмети се наоѓаат и поскапоцени работи, на пример – чест. Ехее, магацинот им бил полн со изгубена чест! Почнале дури и да ја класифицираат по големина, по времетраење, по пол, по цена. Пак мистериозното прашање – дали некој пријавил дека ја изгубил својата чест? Неее, полесно се живеело без неа, ехеее, да знаеле, и порано би ја фрлиле негде во некој ендек. А-ха, исто така, еден од најчестите предмети во Центарот била – довербата. Аууу, тони и тони изгубена доверба, а никој не доаѓа да си ја побара. Навикнале луѓето да живеат така индиферентно и се да примаат со резерва. Да, да, и од најблиските. Посебно од најблиските. Посебно од тие со кои го делат покривот, тоалетот, па дури и креветот. А за пријателства и да не зборуваме. Не им се знае бројот. Мали, големи, нови, стари, долги, кратки… Цела колекција.

Градоначалникот Богоев се ожени пред некоја вечер, а еве што еден таксист од Скопје раскажа за него

Младиот градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев, кој пред некоја вечер се ожени, раскажува за една интересна ситуација:

Таксистот

Се возам вчера во такси од Карпош 4 до Капиштец. Таксистот ме препознава и веднаш започнува разговор. Господине Спасов-вели-. Знаете ли што ми се случи деновиве Што?- го прашувам заинтересирано и очекувам некоја непријатна работа.

“Во моето такси-вели тој пред некој ден се качи она младото момче што е градоначалник на општината Карпош” Стефан Богоев – го потсетувам.

“Да- вели тој.Го возам и тој ме прашува дали има нешто што ми пречи во општината Карпош? Му велам: Градоначалниче. Гледате броеви на зградите по улицата Партизанска? Гледа градоначалникот и вели. Еј. Вистина нема. Е тоа ми пречи му реков- ми објаснува таксистот. И знаете што се случи?

Поминувам по улицата Партизанска само неколку дена по тој случаен разговор и гледам броеви ставени на секоја зграда и од левата и од десната страна. Уште не можам да поверувам дека ова се случува кај нас-вели тој и констатира.

“Камо среќа да имаме градоначалници низ цело Скопје како овој во Карпош”
Некако ми дојде мило да слушнам дека и убави работи се случуваат и има луѓе што знаат да ги забележат и да ги кажат.”

Потоа Богоев:

Традиционално и оваа година Државниот балет на мраз од Санкт Петербург во Скопје!

На 1. декември, на сцената на Македонската Опера и Балет, Државниот балет на мраз од Санкт Петербург доаѓа повторно, овојпат со изведба на претставата „Заспаната Убавица“ од Петар И. Чајковски. Станува збор за балетски спектакл на мраз што Државниот балет од Санкт Петербург го изедува на речиси сите светски балетски и оперски сцени.

Во 2016год., Државниот балет на мраз за прв пат гостуваше со изведба на познатото балетско ремек-дело “Лебедово Езеро” и побуди голем интерес кај македонската публика. Токму поради тоа наместо планираните две претстави во МОБ, се одржаа четири, кои беа наградени со громогласни аплаузи и овации. Минатата година со истиот интензитет на интерес кај македонската публика, беше изведена “Оревокршачка” на мраз.

Државниот балет на мраз од Санкт Петербург е основан во 1967 година од извонредниот кореограф Константин Бојарски и претставува успешно продолжение на традиционалната руска школа за класичен балет. Бојарски бил поранешен солист на светски познатиот балет „Марински“ и школски другар на славниот Рудолф Нуреев. Играл со Михаил Баришњков и Наталија Макарова. Музички директор и коосновач на оваа балетска куќа е Лео Коркин, познат руски диригент.

Во балетската компанија има повеќе од дваесет танчари што имаат титули во уметничко лизгање. Од 1995 година балетот на мраз од Санкт Петербург игра и на сцените на светските оперски и балетски куќи. На нивниот репертоар се познатите балети на Петар И. Чајковски – „Заспаната убавица“, „Лебедово езеро“ и „Оревокршачка“, како и балетите „Ромео и Јулија“ и „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев.
Сите изведби ги поставува кореографот Константин Расадин. Оваа балетска компанија првпат ги постави класичните балети во класични костими и сценографија на мраз инсталирана на сцена на театар. Во последните години овие продукции успешно се претставени на сцените на САД, Канада, Европа, Кина…

Билетите за овој балетски спектакл на мраз – “Заспаната Убавица” на мраз, ќе бидат пуштени во продажба од вторник (25.09.2018 год.) и истите може да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com, Билетарата на МОБ, “Пола Југотон” и Цвеќара “Розе” – Веро 2.

Граѓаните и порачуваат на Европа дека доаѓаме: На улица во Виена пронајдено кесе со Стоби Флипс

Граѓаните и порачуваат на Европа дека доаѓаме: На улица во Виена пронајдено кесе со Стоби Флипс