Мајката на Мери моли за ќерката, потребна и е нашата хуманост, да стане од инвалидска количка!

Здраво хумани луѓе ширум светов!

На Мери Тошевска (Китеска) и е потребна нашата помош, како што дојдовме до информација од нејзината мајка која е по потекло од с.Цер Кичевско направена е магнетна резонанса на глава и р’бет.

Од Турција добиен е одговор дека воопшто не се работи за мултиплекс склероза туку за повреда на р’бетот. Заради ова Мери добива повик од УК Тракија од Едрене Турција за целосно испитување и за изведување на хирушки зафат кој ќе ја крене на нозе и повторно ќе може да функционира самостојно и без помагала.

За оваа цел на Мери и се потребни 10.000€ кои ние треба да и помогнеме да ги собере.

Ајде како и секогаш да ја покажеме нашата хуманост. Да и помогнеме на Мери да ја фрли инвалидската количка и да застане на свои нозе.

Во тек е процедура за добивање на броеви за донирање, а во меѓувреме да не губиме време и да помогнеме колку што можеме.

Во прилог се денарската и девизната сметка од Мери

-Денарска Сметка
Мери Тошевска
210700000644798
НЛБ Банка АД Скопје

-Девизна Сметка
Meri Tosevska
Ul.Partizanska Br.55/4-1, Bitola
IBAN Code MK07210501725644502
NLB BANKA AD SKOPJE
Majka Tereza Br.1
MAKEDONIJA
SWIFT TUTNMK22

Би Ве замолиле секој од вас да го сподели овој пост на својот профил, со цел да се рашири оваа вест, кој би бил во можност да придонесе.

Кефирот е еликсир на животот

Кефир е ферментиран млечен пијалак кој потекнува од планината Кавказ и во слободен превод значи „задоволство” или пак „добро чувство ”. Според неговите здравствени придобивки, некои го нарекуваат  – дар од боговите. Лесно може да се произведе во домашни услови, а секако може да се купи и во продавница, но, освен во името, овие две напитока  не се исти.

Домашниот кефир се прави со помош на користење на печурката кефир. Кефир е таканаречена печурка, а всушност е навистина корисна заедница ( симбиоза)  од бактерии и честички на млечни масти. Индустрискиот кефир, оној кој се продава во меркетите, се произведува со користење на хмељ и култури кои одговараат на вкусот на кефир. Таквиот кефир ја нема  истатата хранлива вредност како домашниот.

Зошто  индустрискиот кефир не се произведува од  кефир печурката? 

Мислам дека можам со часови да зјапам во твоето правење ништо и тоа да биде она што ќе ме тера да се чувствувам исполнето

Сакам да ме гушкаш и скокоткаш наутро додека лежам полугола на нашата постела бидејќи јас сум твоето дете кое никогаш нема да порасне. Сакам да ги оживееш сите чувства на среќа во мене дури и кога светот нема смисла, сакам да те сакам, зошто тое е единственото нешто кое секогаш ќе има значење дури и кога ќе дојде време да го земам последниот здив. Дури и кога ме гледаш не можам да објаснам колкава е нашата поврзаност, дури и кога се обидуваш да ме штипнеш за да оставиш лузна на мојата кожа која обожаваш да ја милуваш, јас уживам.

Мислам дека можам со часови да зјапам во твоето правење ништо и тоа да биде она што ќе ме тера да се чувствувам исполнето. Ти си мојот соиграч во играта наречена живот, дел од тимот кој никогаш не сакам да го напуштам. Две бројки, различни, а сепак значајни за да се постигне целта. Кога едниот е слаб, тоа го крши и другиот. Кога едниот е тажен, другиот ја жртвува сопствената среќата. Кога те нема тебе, не постојам јас.

Автор: Виолета Луческа

Талентите од музичкото училиште „Гитара 5“ со свои настапи на фестивалот UNDERFEST 2019

Гитара Пет е невладина организација со цел да ја научи младината на културата и уметноста на класичната гитара. Основана од 5 професори, сите повеќегодишни ученици и предавачи во Асоцијација Петков Интитут и Културно Едукативен Центар Илинден, ќе ја обавуваат наставата и ќе ги реализираат целите.

Во соработка со останати невладини, познати кафулиња и младинско културни центри, Гитара Пет се грижи да музиката научена во школата не остане таму туку се прошири, од најмали свирки, па се до големи концерти.

Гитара 5 и неговите ученици ќе се претстават на UNDERFEST 2019 во неделата на 07 април, 2019-та година. Влезот за сите посетители е бесплатен.

ЛИНК од НАСТАНОТ – https://www.facebook.com/events/293336504797381/

Треш-металците Misanthrope ќе свират на UNDERFEST 2019

Misanthrope е новооформен thrash-death metal бенд, формиран во 2016 година од Антон Китос и Андреј Петровски, кои први го добија стимулот да направат своја група. Подоцна нив им се приклучуваат Бојан Анакијевски и Стефан Ѓуровски.

Нивниот бенд зема инспирација од големите бендови како Megadeth, Kreator, Sepultura, Vader, Morbid Angel, Destruction и други. Зимата во 2019 година се вршат припреми за снимање на нивниот прв албум, веќе напишан и подготвен за да се истакни на повисока платформа. Досегашните свирки ги одржале во разни кафичи во Битола и Скопје, како и на повеќе фестивали. Структурата на бендот се содржи од тапанарот Бојан Анакијевски, басистот Стефан Ѓуровски, соло гитаристот Андреј Петровски и пеач и ритам гитаристот Антон Китос.

Misanthrope ќе свират во сабота на 06 април, 2019-та година. Влезот е бесплатен.

ЛИНК од НАСТАНОТ – https://www.facebook.com/events/293336504797381/