UNDERFEST 2019 го потврди Горазд Китановски

Горазд Китановски (Kenny The Heartist) е артист кој сеуште трага по точната дефиниција за неговата уметност.

Очекувајте симбиоза од поезија, хип хоп, и stand up comedy проследена со амбиентална музика. Досега има настапувано на повеќе културни настани во Скопје како и фестивали и улични перформанси низ Европа.

Горазд Китановски ќе се претстави на UNDERFEST 2019 во неделата на 07 април, 2019-та година. Влезот за сите посетители е бесплатен.

ЛИНК од НАСТАНОТ – https://www.facebook.com/events/293336504797381/

Мачката Луна е хит на интернет, никој не може да ја види на фотографијата

Брањето мачки на фотографии веќе подолго време е популарна опсесија на социјалните мрежи. Сепак, од сите мачки кои се кријат по дворови, дупки, на покриви, во кревети, кутии, Луна е најпопуларната. Таа има тигресто крзно и речиси редовно им се сокрива на нејзините сопственици, кои живеат некаде во Британија.

Откако увиделе дека Луна сосема природно си игра криенка со нив, сопствениците решиле да ѝ направат и страница на Фејсбук, па да ја споделуваат со пријателите. Трагањето по Луна стана опсесија на интернет-корисниците кои масовно ги споделуваат фотографиите на кои се крие оваа домашна мачка.

Сепак, последната фотографија предизвика хаос на социјалните мрежи. Повеќе од 20.000 луѓе ја споделуваа оваа фотографија и се обидуваа да ја најдат малата мачка која упорно се крие во дворот. На некои од трагачите им појде од рака, па веднаш ја најдоа, но има и такви кои со часови не можат да забележат каде се наоѓа ова маче. Ќе можете ли вие да ја најдете?

Фотографијата е на следната страница:

3-те лоши навики кои ја оштетуваат косата

Ен Хименез, уредник на сајтот New Beauty, истакнува три навики кои секојдневно ја оштетуваат вашата коса.

Ја малтретирате мократа коса

Косата е послаба и покршлива кога е мокра. Не ја сушете со грубо триење со пешкирот и не ја чешлајте веднаш по  бањањето. Користете чешел со широк процеп помеѓу забите на чешелот и чешлајте ја од краевите, чекор по чекор.

Користите валкани четки

Валканите четки за коа се полни со влакна, со масло и наталожени производи за нега на коса кои се совршено тло за развој на бактериите. Чистете ги барем еднаш месечно со мешавина на сода бикарбона и млака вода.

Премногу ја сушите косата

Кога феновите и пеглите за коса се користат на бојадисана коса, таа дополнително се оштетува. Не дувајте на најсилно и нанесете кокосово масло како регенератор на косата во текот на ноќта, а наутро исперете ја со шампон.

 

Бендот Music House на UNDERFEST 2019

Music House e музичко училиште од Скопје од кое излегуваат евровизиски претставници, победници на фестивали, место од кое се формираат бендови и најважно, се создаваат убави спомени и пријателства.

Музичкото училиште “Music House” ви нуди едно интересно дружење со популарната музиката. Тоа што е својствено за “Music House” е квалитетниот и искусен наставен кадар, интересната програма која вклучува изучување на најпопуларните песни од современите музички стилови, неконвенционалниот пристап кон учењето и условите во кои се одвива наставата.

Наставниот кадар е составен од докажани музички имиња од македонската сцена со долгогодишно практично искуство.

Бендот Music House ќе се претстави на UNDERFEST 2019 во неделата на 07 април, 2019-та година. Влезот за сите посетители е бесплатен.

UNDERFEST 2019 го потвтди „Soundedge“

Скопскиот бенд „Soundedge“ се резервирани за последната вечер на фестивалот UNDERFEST. Со деби албумот „SoundEdge Volume 1” бендот имаше четири синглови кои котираа на врвот на топ листите на сите мејнстрим радиостаници, а впечатлив настан имаа и на скопскиот фестивал „Skopje Calling 2018“.

Музика од овој македонски бенд е претставена и на шестото издание на регионалната годишна компилација „Balkan Under The Radar“, под покровителство на „Black Planet Records“. На компилацијата насловена „Black Box“ се бендови од цел регион, а „Soundedge”, како претставници од Македонија, во ова шесто издание ја свират песната „Не е цела вистина“.

Бендот е основан во 2014 година и во него членуваат Симеон Спировски и Александар Лазаревски.

„Soundedge” ќе се претстават на UNDERFEST 2019 во неделата на 07 април, 2019-та година. Влезот за сите посетители е бесплатен.