Четвртиот градски триатлон – спринт дистанца „Стопанска Триоги триатлон 2024“ ќе се одржи на 19 мај

Четвртиот градски триатлон – спринт дистанца „Стопанска Триоги триатлон 2024“ ќе се одржи на 19 мај 2024 година во Скопје. Стартот и целта на натпреварот ќе бидат во спортскиот центар „Борис Трајковски”. Пливачкиот сегмент ќе се одржи на базенот „Борис Трајковски”, за велосипедскиот сегмент ќе се користи дел од булеварот Илинден, а трчањето ќе биде околу спортскиот центар.

Ова е настан на кој може да учествуваат натпреварувачи од сите можни возрасти и нуди идеални услови за почетници и професионалци од овој спорт.

– И оваа година ветуваме трка со која Скопје и спортската јавност ќе се гордее. Очекуваме и годинава да го достигнеме максималниот број учесници што условите ни го овозможуваат, а тоа се 300 и се надеваме дека Скопје сè повеќе гордо ќе стои на мапата на европски триатлон градови. Во овие тешки времиња за спортот, благодарни сме на сите поединци и општествено-одговорни компании што ни помагаат да го организираме настанот, особено нашиот главен спонзор Стопанска лизинг – вели Данчо Ѓорѓијевски, организатор на трката од клубот „Триоги рејсинг“ од Скопје.

Настанот се реализира со техничка поддршка на Триатлон федерацијата на Северна Македонија. Пријавувањето ќе биде отворено до 9 мај 2024 или до пополнување на максималниот број учесници.

Kaтегории:
– Сениори (2004 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
– Јуниори (2005-2008): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
– Кадети (2009-20011): 375м пливање, 10км велосипед, 2,5км трчање.
– Деца 2 (2012-2014): 175м пливање, 4км велосипед, 1км трчање;
– Деца 1 (2015 и помлади – рекреативна категорија): 75м пливање, 2км велосипед,

500м трчање;
– Мастерс 1 (1994-1985): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
– Мастерс 2 (1984-1975): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
– Мастерс 3 (1974 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
– Тимски триатлон: Tимoвите треба да се состојат од 3 члена (барем еден учесник од машки и еден од женски пол). Секој учесник штафетно одработува по една од дисциплините на спринт дистанцата: 750м пливање, 20км велосипед или 5км трчање.

Минималната возраст за велосипед сегмент и за трчањето е 16 години, а за пливањето е над 10 години со изјава од родител.

Трибјут спектакл денеска во Станица 26 – Epidemik tribute to Pearl Jam

Денеска, петок во клубот Станица 26 ќе имате можност да гледате еден од најпочитуваните PEARL JAM трибјут бендови во регионот. Бендот Epidemic е создаден во 2017 година во Нови Сад како музички проект фокусиран на гранџ музиката, со посебен акцент на наследството на бендот Pearl Jam. Бендот го сочинуваат талентирани музичари – гитаристите Никола и Невен, тапанарот Угљеша и басистот Марко, а нивната единствена визија ја предводи енергичниот фронтмен Чуфи, чиј глас чудно потсетува на Еди Ведер.

Epidemic не само што ја проширува традицијата на музичката сцена во Сиетл, туку и ја претвора во одлична забава.
И не е само тоа! Журката не почнува со нив туку со скопската предгрупа „ТHE OOZ“ која сонично ја претставува психоделичната монотонија на секојдневието и гласно и хаотично си играат со комбинирање на психоделија, нојз-рок и пост-панк.

Билетите за Pearl Jam трибјутот на Epidemic можете да ги набавите на https://drugastrana.mk/event/pearl-jam-tribute-epidemic/

Многу жени се согласија – Главен извор на стрес за мажените жени се нивните сопрузи, а не децата!

Многу жени признале дека нивните деца помалку ги нервираат отколку нивните сопрузи, што е интересно откритие кое ја открива динамиката во многу семејства.

Сепак, важно е да се забележи дека овие непријатни чувства не се нужно поврзани со ситуации како што се неверство или насилство. При истражување на оваа тема, се забележува дека многу мажи задржуваат одредени детски особини, дури и кога ќе пораснат и ќе поминат четириесет години.

Ова се рефлектира во несериозниот пристап кон одговорностите на родителството. Една од жените истакна: „Се разбира, седумгодишно дете има седум години. Но, кога 35-годишен маж се однесува како седумгодишно дете, станува неподносливо, бидејќи тој се очекува да биде поодговорен од дете“.

Честопати, татковците се фокусираат на забава со своите деца, додека мајките преземаат најголем дел од грижата за воспитувањето, здравјето, образованието и општиот развој на детето. Оваа нерамнотежа може да предизвика конфликти во семејството, не само помеѓу мајката и детето, туку и меѓу родителите. Едно од решенијата за ваквите ситуации е воспоставувањето единство меѓу родителите. Кога едниот родител донесува одлука или поставува граници, важно е другиот да ја поддржи таа одлука. Исто така, важно е и двајцата родители активно да се вклучат во секојдневните обврски околу децата, како носење на децата на спортски активности или одење на лекар.

Текстот продолжува на следната страна

ОЖИВЕЈТЕ ја својата љубовна врска во три едноставни потези!

ЧУВСТВОТО на оддалеченост од партнерот не значи дека вашата врска пропаѓа. Ваквите ситуации честопати се условени од различни околности, како што се премногу обврски, приватни проблеми и слично.
Сепак, тоа не значи дека треба да се откажете. Малку е потребно љубовта повторно да се запали, и овие едноставни потези ќе ви помогнат да го сторите тоа за само еден ден.

Појадок во кревет
Изненадете го партнерот со неговиот омилен појадок и донесете го во кревет. Покрај тоа што ќе му го заштедите времето што ќе го користи да го подготви, многу ќе го развеселите и ќе го охрабрите да започне да размислува слично.
Текстот продолжува на следната страна

Најскржавите лица се раѓаат во овие хороскопски знаци!

Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нус појави обратете се на стручњак…
СИТЕ знаеме барем една личност која секогаш вешто избегнува да плаќа за кафе или вечера затоа што „заборавила“ да го донесе паричникот или банкоматот „ја проголтал“ нејзината картичка.
Покрај на другите, скржавците штедат сами на себе и честопати се гризат и поради најмал трошок што не е потребен. Нив можете да ги препознаете по нивниот хороскопски знак, а најчесто се овие:
Текстот продолжува на следната страна