Есенски модни комбинации за дами со повеќе килограми

Не дозволувајте вишокот килограми да биде пречка секогаш да изгледате модерно и убаво облечено.

Еве неколку предлог комбинации за да се инспирирате:

Како да се облекувате брзо наутро

Хаосот во почетокот на денот создава непријатност за целото преостанато време до неговиот крај. Често хаосот е предизвикан од рутински активности како на пример облекувањето.

За некои од вас изборот на совршениот аутфит трае неколку минути. Но, за други тоа е посебна загуба на време и нерви.

Постојат неколку клучни моменти во организацијата на времето наутро пред плакарот:

Љубов на прв поглед – мит или реалност???

Дефиниција: Како што всушност говори и самото име, љубовта на прв поглед се случува кога се појавува страст и копнеж во првиот миг кога ќе погледнете во непознатиот човек.

Љубовта на прв поглед во минатото: Во минатото се верувало дека тоа е всушност привремено лудило или игра на боговите. Тој што ја примил љубовната стреличка од Ерос или Купидон во своите очи, го заразувал срцето на другиот. Во тој момент се создавала магичната зависност на еден од друг.

Примери: Љубовта на прв поглед им се случи и на Romeo и Juliet во драмата на William Shakespeare, на Homer Simpson и Marge Simpson во цртаната серија The Simpsons и на неповторливите Noah и Allie во филмот The Notebook. Но, сигурно ѝ се има случено и на некоја од вас.

Кои се причините за оддалечување на партнерите

Тоа дека сте во брак и живеете под еден покрив не мора да значи дека сте “заедно”. Бракот е повеќе од тоа да живеете во заеднички дом.

Често сопружниците дури не забележуваат кога и како се оддалечуваат еден од друг и влегуваат во рутината на навика без веќе да ги негуваат силните чувства едни со други.

Причините за оддалечување на партнерите се различни. Врската е како едно растение – треба да ја потхранувате за да цвета.

6 причини зошто на жените им се допаѓаат мажи со смисла за хумор

Ако се прашувате зошто дамите толку многу го држат нивниот избраник кој ги насмевнува, еве ги причините:

Овие мажи се забавни

Со нив никогаш не ти е досадно, па дури и да сте тажни, ќе измислат начин да ве развеселат. А како што знаеме со насмевка на лицето, нема непремостливи пречки.

Тие се креативни

Прашајте кој и да е писател или сценарист за најдобар жанр и ќе добиете еден одговор – комедијата. Ако имате до себе маж кој без напор може да се прави комичар, тогаш тој сигурно има доста познавања и информиран ум.