Првиот танц од свадба кој сите ќе ве расплаче

Првиот танц од свадба кој сите ќе ве расплаче.

Погледнете:

 

Какво време не очекува денес

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и навечер се очекуваат локални врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Максималната температура ќе биде од 10 до 18 степени.

Во Скопје и околината се очекуваат најмногу до 14 степени.

„Чист раскош“ како украс на вратот- Златото е повторно „ин“

Помалку е повеќе: Доколку се одлучите оваа сезона да му дадете предност на златото како ваш омилен накит, без разлика дали во деловна или кежуал комбинација, никако немојте да го комбинирате со друг накит.

Златниот накит е доволен самиот по себе. Ниту најпознатите модни креатори во претставувањето на своите колекции не можат да му одолеат на вечниот сјај на златото.

Она што е особено впечатливо е минималистичкиот пристап во комбинирањето на златниот накит, дозирано со мерка и прочистено. Тоа значи, никако во комбинација со друг накит и секогаш дајте предност на едно поголемо парче злато.

Мрачното минато на Анџелина Џоли

Дадилката на Џоли раскажува за мрачното нејзино минато. Како голем дел од ѕвездите во Холивуд и Анџелина Џоли имала тешко детство. Нејзината дадилка Кис Рeндaл застана за првпат пред медиумите и го откри болното и тешко минато на актерката. Кис се грижела речиси 8 години за Џоли и нејзиниот брат Џејмс, откако била замолена од нејзината најдобра пријателка – Маршелин да и помогне со децата во 70-тите.

„Таа беше диво дете. Знаев дека еден ден ќе стане жена со која другите ќе се усогласат. Сакаше болката да и се чувствува на работ” споделува Рендал. За мрачното минато на актерката се знае многу. Неодамна личниот нејзин дилер излезе со интервју во медиумите и покажа снимка, на која Анџелина е дрогирана и зборува збркана.

Рекламата која ќе ве трогне: Човекот кој го викаме „Тато”

Италијанската телекомуникациска компанија Wind на YouTube можеби ја претстави најсилната реклама во месец август 2014 година. Видеото трае 4:05 минути.

Тоа раскажува со виртуозност на режијата, убавите кадри снимени во Италија и без зборови на актерите, само со музика во заднина, историјата на маж кој сака да се сретне со својот татко.

Филмот го прикажува неговото патување низ времето на спомените и буквално, денес, во самата Италија, додека доаѓа дома.