Снегот доаѓа со ладен студ! Температурите паѓаат нагло до -10 степени

“Во последните 10 дена на декември се очекува повеќе динамика во атмосферските процеси и снежни врнежи, но се уште е рано, сепак да се каже дали точно на Божиќ ќе врне снег”.

На планините веќе има снежна покривка, а до средината на месецот, сепак се очекува да наврне уште снег во планините и да се формира снежна покривка во низинскиот дел на земјата.

Денес е денот на духовното раѓање на Пресвета Богородица – Пречиста

Кога Пресвета Дева Марија наполни три години од раѓањето, нејзините свети родители Јоаким и Ана ја доведоа од Назарет во Ерусалим, за да ја предадат, според своето ветување, на служба на Бога. Од Назарет до Ерусалим има три дена пат, но одеа на богоугодно дело и патот не им беше тежок. Се собраа и мнозина роднини на Јоаким и Ана за да земат учество во таа свеченост, во којашто невидливо учествуваа и ангелите Божји. Напред одеа девиците со запалени свеќи во рацете, потоа Пресветата Дева, водена од едната страна од Јоаким, а од другата од Ана.

Зошто некои луѓе се плашат од врзување

Луѓето се социјални суштества и тие се плашат од осаменост. Токму тоа ги тера многу жени, а и мажите, да одржуваат врски кои не ги прават среќни. Само за да не останат сами.

Постои сепак една посебна “раса” луѓе кои мислат на сосема спротивен начин – тие се стаписани од можноста да се поврзат и го наоѓаат својот мир во животот на неврзаните.

Ако се прашувате кои се причините некои луѓе да се плашат да се влезат во врска, еве и неколку можни:

Овие две бои ќе бидат тренд во 2016 година

За прв пат во својата годишна оценка за боја на годината американската компанија “Пантон” (Pantone LLC) избра две бои. Рангирањето се спроведува од 2000 година.

Крајните резултати се одредуваат од мислењето на модни дизајнери, шминкери и специјалисти за внатрешно опремување на простории и на секакви производи за широка потрошувачка за тоа кој ќе биде трендот за водечките бои во новата година.

Ова се најлошите години за брак

Паровите кои се венчале во 1986 и 1988 година, најверојатно во блиска иднина ќе се разведат. До овој заклучок дошле британски научници, анализирајќи ги статистичките податоци за Велика Британија, објави “Индипендент”.

Податоците укажуваат дека 44,4 проценти од овие бракови завршуваат со развод. Друга неадекватна година за склучување брак е 1991-ва, тврдат истражувачите.

Според статистичките податоци, повеќе од 10 проценти од овие парови го завршуваат заедничкиот живот уште во првите пет години. Од организацијата “Marriage Foundation” додаваат дека од 1990 година вљубените почнале да оддаваат предност на соживот, одложувајќи го за подоцна официјалното регистрирање на односите.