Не за џабе е кажано, „Во здраво тело, здрав дух“

Но, модерното живеење и брзиот живот не ни остава доволно простор да обрнеме внимание на нашето здравје. Сепак како еден од најбитните фактори за подобро функционирање доволно е дневно малку грижа да си дадеме самите ние, посебно во овие студени денови. Малку повеќе да се обрне внимание на исхраната, како на пример : повеќе витамини, протеини, овошје, салати, секако дека и внесувањето на што повеќе природни производи има големо влијание на доброто здравје. Внесувањето витамини нека ви стане секојдневна навика со која ќе го подобрите своето здравје.  Сите знаеме дека брзата храна е вкусна, но запрашајте се како влијае на вашето здравје, секако дека тешко може да се одолее на брзата исхрана, но сепак колку помалку ја внесуваме ќе се чуствуваме подобро.

Мислењето на еден маж за интимната женска фризура

Сето ова го правиме, во името на убавината и, ајде да бидеме искрени, за мажите. Иронијата е дека во процесот на разубавување воопшто забораваме да ги прашуваме мажите што сметаат тие за ова прашање.

И дека всушност нашите жртви во име на убавината може и да не го заслужуваат напорот.

Мислењето на еден човек под написот на оваа тема во американскиот сајт Bustle, ни направи исклучително силен впечаток.

Временска прогноза: Од следната недела очекувајте топло пролетно време

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне ќе дува слаб северен ветер.

Температурата ќе се движи од 8 до 16 степени.

Во следните денови под влијание на релативно стабилна и топла воздушна маса од југ времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и невообичаено топло за овој период од годината. Температурите ќе бидат високи и ќе се движат во интервал од 7 до 14 степени.

Шанса за средношколците од Македонија со помал просек

Почнува проектот „Образованието е поважно од просек 5.0“, наменет за средношколци од цела Македонија кои изминатата учебна година ја завршиле со просек под 3.9.

На овие ученици, креаторите на овој проект „Џолев и уметностите“ заедно со поддршка на „Семос Едукација“ ќе им доделат по пет или вкупно десет целосни стипендии за некоја од нивните програми поврзани со уметноста, дизајнот и информатиката.

Причини за лоша кожа на лицето

Ако знаевме што точно ја прави кожата мазна и чиста цело време, можевме да си го купиме или да го применуваме во секојдневниот живот.

Дури и кожата да изгледа добро во принцип, постојат некои правила, кои ако ги следите ќе ја направите уште помазна. Но, има и навики кои и штетат на нејзината состојба, па затоа запознајте се со пет од нив: