4 работи кои ужасно многу ќе го одбијат од тебе



За разлика од повеќето жени, мажите немаат тенденција да прават огромни компромиси во името на љубовта. Кои се тие, прочитајте и ќе дознаете.


1. Врескањето

Речиси сите претставници на посилниот пол се чувствуваат супер непријатно, ако жената плаче. Но, пак апсолутно сите директно се згрозуваат кога таа вреска! Особено на улица или пред нивните блиски. Затоа, внимавајте со децибелите, ако сакате да си го задржите мажот.


2. Ги навредувате нивните пријатели

Многу погрешен потег е да се обидувате да го одделите од неговите пријатели. Вие сте послабата страна и тоа нема да се промени, ако постојано му зборувате против нив. Пак и реално гледано нема потреба, бидејќи доста од господата сами ги избираат пријателските средби. Но, ако вие сте оној кој го злоупотребува да се дружи, тогаш мислете му ја вие.


3. Досаѓате

Мажите никогаш нема да разберат зошто пријателките им ѕвонат по 30 пати на ден. И нема зошто да им се лутиме. Тоа навистина е нелогично и досадно. Во еден момент тој едноставно запира да ти крева! Ако тој ти објасни дека не сака да му се јавуваш толку често станува уште полошо. И се заплеткувате во едни драми, кои речиси секогаш се фатални.

4. Непотребност

Ние жените сакаме подароци и изненадувања. Но, пеколно погрешно е самите ние да си ги бараме! Тоа создава лош впечаток и одбивање.