Овенот е полн со живот и енергија! Еве за што се родени овие знаци


Машките родени во знакот на Овен полни се со живот и животна снага. Тоа се личности полни со акција, енергично и храбро реагирање. Се истакнуваат со мажественост и отвореност. Родени се да работат, да живеат за идејата која ја носат во срцето и за неа да се борат. Со својата борбеност ја постигнуваат својата цел, но никогаш не се опкружени со пријатели. Ги совладуваат сите потешкотии во животот, кои и многу ги имаат. Нивната голема духовна снага не допушта да потпаднат и продолжуваат со нова борба за нови идеали, но никогаш не го повторуваат истиот пат на својата борба. Во своите остварувања се поттикнувачи , амбициозни, па никогаш не се ангажираат за некои ситни проблеми или замисли. Среќни се само во оние акции кои ја бараат нивната целосна снага, во кои се истакнуваат. Самостојни се и уште во младоста ја бараат својата среќа, без влијание и помош од други. Повеќето рано се ослободуваат од влијанието на родителите. Парите многу ги ценат, но тешко доаѓаат до нив. Тие би работеле све, доколку има заработка. Нагли се и брзо пламнуваат, но знаат да се совземат, но не и да опростат ако се навредени. Горди се и кога ги бранат своите гледишта имаат достоинствен став. Попрво би пропаднале отколку да отстапат од своите идеи. Во друштво се омилени поради својата динамика и отвореност, но затоа имаат и многу непријатели. Поседуваат голема склоност за интелектуална работа. Добри се говорници .

Страни: 1 2 3