Ова е херојот кој спасуваше човечки животи за невремето



Професорката од институтот за македонски јазик д-р Елка Јачева- Улчар, на својот facebook профил го посочи херојот за време на невремето кој успеал да спаси човечки животи. Се работи за Веле Богатиновски, тетовец кој сега живее во Швајцарија.


Еве што таа напиша:

„Почитувани ФБ-пријатели, благодарение на вашите споделувања дојдов до нашиот херој од вчера. Се вика Веле Богатиновски. До пред две години живеел во Tетовско, а последниве две години во Швајцарија. Му се јавив на телефон. Ми ја раскажа својата животна приказна која ќе ја задржам за себе. Единствено нешто што можам да кажам за него (а што го дознав од телефонскиот разговор) е дека се работи за благороден човек, кој своето постоење го сфаќа како мисија за помош и за доброто на секој човек, независно од вера, пол и политичко убедување. Не сака никаков публицитет што е уште една потврда за НЕГОВАТА ГОЛЕМИНА! Нека го следат само добрини во неговата мисија! На сите вас, уште еднаш многу ви благодарам!“