Ова е диетата на гејшите. Таа е брза и строга диета. Само за 5 дена може да симнете меѓу 3 и 7 килограми

Диетата на гејшите е брза и строга диета. Само 5 дена со диетата на гејшите може да симнете меѓу 3 и 7 килограми.

Таа вклучува 3 елементи – зелен чај, кафеав ориз и млеко.

Зелениот чај е најпопуларниот чај за слабеење. Тој го забрзува метаболизмот и помага да ги исчистиме акумулираните токсини од телото.

Кафеавиот ориз е основа на различни моно диети. Тој е многу по-корисен од белиот ориз. Во кафеавиот ориз има голема количина на растителни влакна, многу корисни при симнување на килограми.

Млекото е некако нетипичен прилог на исхраната на гејшите. До пред еден век млекото било релативно нов и непознат производ во Јапонија. Сепак млекото денес составен дел од исхраната на гејшите.

Една недела пред да започнете, намалете го дневниот внес на калории. Исклучете го алкохолот и шеќерот. Дојдете на лесни јадења – супи и зеленчукови јадења и салати.

Мени на исхраната на гејша:

Појадок: 500 мл. зелен чај со млеко
Ручек: 250 гр. кафеав ориз и чаша топло млеко
Вечера: 250 гр. кафеав ориз и чаша зелен чај со млеко
Попатните закуски не се предвидуваат. Помеѓу оброците може да се пие само чаша-две зелен чај без млеко

Недостатоци на исхраната на гејша

Диетата на гејша е забранета за бремени жени и доилки
Диетата на гејша не е препорачлива за луѓе со болести на желудникот
За многумина диетата на гејша е невозможна поради малата количина храна и еднообразно мени