Основни хигиенски навики пред и по секс



Сексот е потреба која не само задоволува само физички и емоционални желби. Тој е важен за здравјето на организмот, бидејќи за време на интимниот чин, како и по него во организмот се испуштаат хемикалии кои ја подобруваат целокупната работа на органите и системите, а го зголемуваат и расположението.


За да се радувате на среќен и здрав сексуален живот, потребно е да се почитуваат некои хигиенски норми. Кое е главното, за што треба да се внимава секогаш пред и после секс?

За жените е важно да се напомене дека строгото миење на гениталиите пред и по секс е многу важно од гледна точка на превенцијата на различни видови инфекции, најчесто габични. Препорачливо е вагината и вулвата да се мијат веднаш по секс, за да не се задржуваат излишни секрети кои се предуслов за размножување на бактерии.


Ако двојката практикува анален секс, хигиената на анусот мора да е на многу високо ниво, за да се избегне пренесување на опасни анални бактерии кон вагината.

За машката половина, важно е да се напомене дека миењето на глансот на пенисот е од огромно значење. Потребно е да се повлече кожичката, за да може чистењето да стане поквалитетно. Мажи, не го заборавајте ова!


Кожичката е осетлива на мртви клетки, бактерии и телесни течности и е соодветна средина за размножување на микроорганизми и појава на инфекции.

Во летната сезона важно e да се депилираат гениталните делови, бидејќи влакната се предуслов за задржување на влага на интимните места. Топлината и потта можат не само да доведат до појава на осип и гнојни мозолчиња, но се и предуслов за појава на инфекции.

За да се избегне лошата миризба неопходно e да се избегнува сексот во првите два дена од месечниот циклус на жените.
Имајте на ум дека оралниот секс не е најпосакуван, ако вашиот партнер има ранички околу устата или гениталиите. Ако тој или таа има некаква инфекција таа може да се пренесе и на вас.