Оливера Ширговска: Велат…Идел 8 ми март.. Ами ако..Нека си иде…



Велат…Идел 8 ми март..
Ами ако..Нека си иде…
Што фајде и од него..
Се со трчање…
Ден ко ден…
Ќе протрчаат низ дуќанчиња..
Ќе изнакупат..
Еден тон тежина…
Што ќе бере прашина..
А душата ?
Таа пак иста ќе стојт..
Ќе си уздивнујт..
И пак ..Катаден..
Ко ништо да не било..
Не требет еден ден…


Да трчаш..Што да купиш..
Требет жената , мајката да ја опулиш…
Да подзастанеш..То ачик и се гледат..
Да знајш ..Да читнеш троа на лице..
Да ја опулиш онака поубо…
Не со трчање…
Не и требит нејзе ѓердани , парфеми..
Ако не знајш да и ја помирисаш душата…
Или пак , испратија на патување…Оти ?
Да се дружела…
Не , не !…Пак исто…
И никој пат , не ќе научиш…
А бре… Да и се скриеш зад врата…
И да ја заграбаш…
Онака нерасонета…
Па да истуриш еден тон бакнежи…
По лице , на коса , на срце…
Ете то е 8 ми март…
Не и требит нејзе црвило…
За лицето да и светит…
Не и требит фустанче..
За да се смешкат со тебе…
И требиш ..Ти..
Не да трчаш ко поулавен ..
Што да купиш…
Оти таа купена е еднуш…
Требит само да ја опулиш..
И троа да знајш…
Да и седиш в душа..
Да и пееш на срце….
И појќе пати да се смејш со неа…
Тоа треба …
Оти векот брзо си врвит…

Автор: Оливера Ширговска…