Оливера Ширговска: Стави ме на срце како печат тешки се , солзи сами течат …



ПЕЧАТ


Стави ме на срце како печат
тешки се , солзи сами течат
ми требаш како ѕвездите на небото
ми требаш како песокот на морето.

Ѕвездо моја, моја јасна месечино
одведи ме во мечтите да видам виножито
да напишам порака со мастило
да го допрам со очите небото.


Само ти ја прочита мојата душа
само ти го напиша мојот роман
ти што ја испи сета горчина
ти што пишуваш со поглед во далечина.

Ми ја брануваш мојата душа
се будам со убави чувства
каде ме допира магијата
каде јас ја наоѓам тишината.


Секој тон во срце ме обележува
нежна мелодија, душевна хармонија
чувствувам одам по тоновите
го знаат моето мечтаење, секој тон е прекинат здив
во ноќта долга, без сон и немир.