Оливера Ширговска: Далечините



ДАЛЕЧИНИТЕ…


Бескрајни хоризонти на зародишот…

Во дивата, страст, румена зора…


Изгрејсонце во поспаност, утро…

Ја гасне ноќта, ја разгорува утробата..


Се палат фенерите, удира срцето..

Желба, копнеж, искон, вечност..

Поглед , пулсираат жилите…

Под разузданото его, живее роб..

Синџири на една вечност..

Со матен поглед, блага насмевка..

Врие центарот на универзумот..

Во едноличноста на денот..

Тивки тонови со ист рефрен..

Повторуван до безумие, потиснати …

Стојат желбите на рабовите..

Од кревката душа , молк…

Пак вришти од утробата..

Никој не слуша , занемеле..

Од восхит кон себе си..

Егоцентичност, его, јас, ти…

Безумност во љубов , чувства….

Далечините, …

Ноќ , кај што заспива крепост..

Его, згаснат жар, едноличност…

Навика, борба, сивило..

Утро, ново, перцепција, површност..

Контури, силуети, егочентричност…

Далечините…

Автор: Оливера Ширговска