Очекувајте невреме: Еве какво време не очекува денес и утре



Денес (09.11.2016) времето во Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. На некои места ќе бидат ОБИЛНИ и се очекува да наврнат над 30 л/м2 воден талог.


Локално ќе биде нестабилно облачно со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Можни е и поинтензивни атмосферски процеси (појава на НЕВРЕМЕ со град).

Сево ова е поради влијанието на силната циклонска активност која се наоѓа над територијата на Македонија но и на Балканскиот Полуостров.


Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец кој доцна попладне и во вечерните часови особено должд повардарието ќе го промени правецот во северен со што од север ќе започне да се спушта постуден воздух.

Во четврток на повисоките планински места во Македонија ќе има слаби врнежи од снег. Температурата утре ќе се движи во интервал од 10 до 18 степени.


Температурите во четврток ќе бидат нешто пониски и ќе се движат во интервал од 9 до 17 степени.

Напомена: Поради обилните врнежи кои се очекуваат во следните 24 часа особено во западните предели можни се излевања на речните корита.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!