Не е дека не и се допаѓаш таков каков што си…



Не е дека не и се допаѓаш таков каков што си. Ама можеби видела во тебе нешто поголемо, што ти самиот не можеш да го согледаш. Можеби сака да види подобра верзија од тебе? И спремна е да ти помогне да ја достигнеш, па дури и надминеш својата најдобра верзија. Животот е константен апгрејд децо. Никогаш немојте да кажете “таков сум и готово”. Немојте да кажете “на кого му чинам – добро, на кого не – нека си бара подобро.” Тоа се изговори за мрзи и лузери. Напротив, изгради ја, и дозволи и да те изгради. Не сте ни свесни за што се сте способни. Никогаш, ама никогаш немојте да се задоволувате со основната верзија од себе. Дека не сте ја ни загребале површината од она што можете да станете.


Автор: Драган Таневски