Најсигурните знаци дека тој ќе ви биде верен | Lady

Најсигурните знаци дека тој ќе ви биде верен

vrska2

Ако сакате да дознаете дали вашиот маж ќе ви биде верен, има некои знаци кои можат да ви кажат дека тоа ќе биде така.

Еве и седум од нив :

1 . Тој е како отворена книга.

Еден од најсигурните знаци дека ќе ви биде верен и за во иднина е, ако тој секогаш е отворен и искрен спрема вас . Тоа ќе ве натера да се чувствувате многу порелаксирано во врската и ќе ве натера да имате многу поголема доверба. Ова ќе биде факт, ако тој го сподели со вас минатото.

2 . Тој бил верен и на поранешните пријателки.

Ако тој бил верен дечко и претходно, шансите да е таков по природа, се многу големи . Прашајте го за неговото минато и попрецизно за љубовните односи. Прашајте го кои се причините за распадот на неговите претходни врски и какви биле неговите проблеми со неговите поранешни половинки.

3 . Родителите му се верни и сеуште се среќни заедно.

Ако родителите негови се уште заедно и изгледаат среќни и задоволни со нивниот брак, тогаш бидете среќни. Нема начин врската на неговите родители да невлијаела врз него.

4 . Тој се дружи со пристојни пријатели.

Опкружувањето на еден човек зборува во голема мера за неговиот карактер и преференци. Ако неговото друштво е свесно, логично е и тој да е таков, ако е опколен со лоши момци, многу поверојатно е тој да е еден од нив.

5 . Тој не сака да излегува без вас.

Постојат мажи кои многу сакаат да излегуваат без жените . Тоа не значи нужно дека тие се повеќе склони кон изневерувања, но сепак не е добар знак за верност. Мажите кои сакаат да излегуваат без сериозните половинки и не им даваат објаснување каде точно одат, секогаш постои ризик да изневерат.

6 . Тој не сака флертување.

Ако еден маж е шармантен и секси и го знае тоа, така што флертува со други жени, било да е тоа влегувајќи во контакт со нив преку погледите или закачките, нема да можете да бидете сигурна во неговата верност никогаш. Ако сепак тој има очи само за вас, тогаш дефинитивно е сигурен партнер во односот.

7 . Имате лошо претчувство за него.

Секоја жена има интуиција која најточно може да и одговори, дали има реални прилики за грижи ( дека дечкото може да ја изневери ) или, пак, нема такви. Само треба да бидете внимателна и да не давате некакви нереални сомневања само затоа што сте љубоморна по природа. Вистинската интуиција ” зборува ” со мудар глас.