Најдобриот секс се случува дури на 55 години



За интимниот живот нема старосна граница – резултатите од новото истражување покажуваат дека луѓето на 55 години го прават најдобар секс, пишува во “Дејли експрес”.


Анкетата, направена во Велика Британија, открива дека претставниците на современите постари генерации се радуваат на позадоволителен интимен живот во споредба со помладите.

Неодамна 69-годишната британска ѕвезда Хелен Мирен сподели дека нејзиниот сексуален живот е одличен. Таа не е единствената постара личност, која направила такво признание.


Познати личности од светот на шоу-бизнисот како Мик Џегер, Мајкл Даглас и Џејн Фонда исто признаваат дека со староста сексот станува подобар.

Причината е дека задоволството има многу заедничко со самодовербата. А знаењето што и како сакаме во интимен план доаѓа со староста.


Половина од постарите учесници во анкетата споделиле дека разговараат со партнерите за тоа што сакаат во спалната соба.

За споредба – само 15 проценти од луѓето на возраст меѓу 18 и 35 години се осмелуваат да разговараат за сексуални желби.

Еден од четири позрели учесници во анкетата открил дека користи и секс играчки.