На колку години ќе започне твојата среќа според хороскопскиот знак?


Се смета дека во животот на секој човек има период во кој се му врви по вода – работа, учење, љубов, пари… што не значи дека и во останатото време нема да е среќен, но особено во оваа фаза тревогите и негативните емоции се сведени на минимум.

Да си замислиме дека животот е еден круг поделен на четири временски сектори – детство, созревање, зрела возраст и старост. Во секој сектор има по три хороскопски знаци.И тие хороскопски знаци се чувствуваат најсреќни во периодот кој нивниот сектор го опфаќa.

Сектор 1: 0-21 година

Хороскопски знааци: Овен, Близнаци, Бик

Тие се енергични, импулсивни, често егоистични, љубопитни и нивната движечка сила е секогаш личен интерес. Исто како децата. Во периодот од 21-вата година тие треба да ја искористат максимално секоја можност. Да не се плашат да бидат себе, колку и критики да добиваат. Се што решат, можат да го постигнат со леснотија. И нека овие цели не бидат ситни, туку такви кои долго време ќе им носат дивиденди.

Сектор 2: 22-40 години

Хороскопски знаци: Рак, Лав, Девица

Комуникативни, суетни, држат до своето и се разбираат од се. Токму како еден млад човек, кој скоро ја добил својата самостојност и веќе се чувствува “голем човек”. Тие имаат 2 двигатели – желба да се потисне другиот и интересите на семејството и пријателите. Во периодот од 21-40 години, овие знаци ќе се чувствуваат вистински почитувани и сакани. Од нив зависи колку ќе имаат корист од тоа. Во принцип не се фанови на големите цели, но вистина е дека дури ни тие нема да и се спротивстават на “среќната фаза”.

Страни: 1 2