Може ли да се отруеме ако комбинираме млеко и риба?

Бидејќи и двете хранива се богат извор на протеини, можно е при нивната истовремена потрошувачка во телото да се евоцираат повеќенасочни биохемиски процеси, кои си попречуваат еден на друг. Затоа, понекогаш се можни непријатни последици, велат од komentar.mk.

Другата можна причина за несаканиот ефект е поврзана со ризикот од акумулација на бактерии во рибата во конзерви – Clostridium botulinum или Bacillus subtilis. Но, ако и двата производа се добро чувани до труење не е можно да дојде. Според некои луѓе кои често консумираат риба и млеко заедно, велат дека нема никаква опасност од комбинацијата на двете хранива.

Во некои земји како егзотични јадења се нудат кисела риба со млеко и бела риба во млечен сос. Ова покажува дека традицијата не е секогаш на едно мислење со науката.

За тренинг сепак е неприфатливо да се мешаат двата производа, бидејќи ќе се забави нивната апсорпција од организмот. По таа логика не треба да се комбинираат и ориз со месо, јајца и месо, месо и млеко, јајца и млеко.

Ајурведата исто така смета дека има храна која не треба да се комбинира. Учењето ја брани таа теорија, бидејќи смета дека комбинацијата од одредени видови храна во секојдневниот живот може да предизвика алергии и да ја наруши размената на материите.

Ајурведата категорично забранува мешање на риба и млеко, риба и јајца, млеко и овошје, пилешко месо и млеко, овошје и зеленчук, мед и растителни масла, маслинки и млеко, сирење и млеко, месо со риба, леб или компири.