Многу е лесно: Кои храни и од какви болести не штитат?

Последните студии докажуваат дека јадењето на одредена количина на овошје и зеленчук секој ден може да го продолжи нашиот живот со цели 10 години. Една од причините е дека некои видови овошје и зеленчук може да го намалат ризикот од подмолните болести како рак. Кои храни и од какви болести не штитат?

Зелените и жолтите зеленчуци како спанаќот и пиперките и карфиолот помагаат во спречувањето на рак. За намалување на ризикот од срцеви заболувања и инфаркт добро е да консумирате јаболка, круши, агруми, салати, марула и карфиол.

Резултатите од последните анкети покажуваат дека: 800 гр. конзумирање на овошје и зеленчук секој ден го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести за 28%. 800 гр. конзумирање на овошје и зеленчук секој ден го намалува ризикот од рак за 13%. 800 гр. конзумирање на овошје и зеленчук секој ден го намалува ризикот од предвремена смрт со 31%.

Медицинските експерти советуваат да нагласуваме на овошјето и зеленчукот, бидејќи тие го намалуваат нивото на холестерол, го подобруваат крвниот притисок, содржат антиоксиданси и го зајакнуваат имунолошкиот систем. Убаво е да се конзумира овошје и зеленчук 5 пати дневно.