Милена Лунеска: Ако не ја препознаеш, лагата погледите ќе ти ги заслепи



НЕ КАЖУВАЈ


Ако не ја препознаеш,
лагата погледите ќе ти ги заслепи,
најубава ќе биде за тебе во очите,
па како мало дете,
радосно сакаш да ја водиш низ телото,
таму каде е најчисто,а за неа забрането,
дозволуваш да ти ја милува и гушка душата,
со приказни лажни крвта успива…
Измамен, во прегратки и заспиваш,
додека надвор,
сред бел ден некој ти го краде Сонцето,
ти ги зема победите,
ти ги брише желбите,
и во темнина ти ги остава патеките…
И кога ќе те разбудат од сонот на лагите
солзите од облаците потонати во мрак,
и заслепен ќе прогледаш со сјајот од ѕвездите кои небото ги моли да светат заедно,
не за тебе,туку за срцето ти наивно….
Немој, те молам немој,
да кажеш на грешка
-Ох,колку боли вистината!