Мајка кон мажената ќерка: „Никогаш не ги заборавај другарките” | Lady

Мајка кон мажената ќерка: „Никогаш не ги заборавај другарките”

2drugarki

Во еден топол летен ден, млада жена која неодамна била омажена, отишла да ја види мајка си. Откако се виделе, мајка и седнала на фотелјата и пиејќи чај, почнала да и ја раскажува приказна за животот, бракот и одговорностите на луѓето во врска.

Мајката откако ја погледнала својата млада ќерка во очите и рекла:

„Никогаш не ги заборавај другарките.“

Тие ќе стануваат се повеќе важни за вас со возраста. Колку и да го сакаш сопругот, колку и да си ги сакаш децата, секогаш треба да наоѓаш време за пријателките. Тие не се само пријателки – тие се твои сестри, твои ќерки, твои мајки, твоето друго семејство. Жените секогаш имаат потреба од други жени во нивниот живот!

„Колку глуп совет“ – помислила си ќерката.

Па нели штотуку се омажив. Веќе пријателите ни се заеднички и во парови. Плус јас не сум некоја тинејџерка. Мојот сопруг и моето семејство ќе ми даваат сè што ми треба. Мојот живот ќе се здобие со вистинска смисла.

Но, сепак таа, ја послушала мајка си и продолжила да одржува контакт со своите пријателки.

Минувале годините, животот се менувал и ќерката почнала да сфаќа колку вистина има во советот на нејзината мајка. Затоа што и да се случи во животот и семејството на младата жена, пријателките нејзините секогаш биле најсилната нејзина поддршка.

Мажената жена станала на 40 години и дознала дека:

Времето минува.
Животот се случува.
Растојанието разделува.
Децата растат.
Љубовта гасне.
Срцата се удираат.
Работата доаѓа и си оди.
Кариерата завршува.
Родителите умираат.
Мажите имаат сопствен свет.
Но, пријателките остануваат секогаш со тебе независно од времето и растојанието.

Другарката никогаш нема да и биде премногу далеку за да ти помогне кога имаш потреба од помош.

И кога одиш по овој осамен пат наречен живот, пријателките твои секогаш ќе бидат должината на патот, ќе те тераат да продолжиш, ќе се молат за вас, ќе се трудат заедно со тебе и ќе те чекаат во финалето со раширени раце за да ти помогнат да не паднеш.

Извор: “Светлина во душата”, Весна Михајловиќ