Љубовен хороскоп за мај: овните ќе отворат емотивна врска, девиците ќе имаат бурен месец



Овен


Целиот месец ќе биде исполнет со љубов и романтични моменти кои долго ги чекавте и кои многу ќе ви годат. Ситуацијата станува уште поубава во другата половина на месецот кога дел од родените во овој знак конечно ќе донесат одлука да стапат во брак.
Некои Овни може да запознаат личност со која активно ќе комуницираат на сите животни теми и ќе откријат дека одлично се согласуваат. Тоа ќе ве привлече и може да се отворите за емотивна, реална врска.

Бик


Ве очекува многу забава, дружење, излегување и ваквото темпо ќе ви помогне да се чувствувате како нови. Секако, ваквото однесување ќе привлече и интересна личност кон вас, што значи дека голема е веројатноста да ја сретнете вистинската личност во текот на овој месец.
Оние кои се сами ќе бидете привлечени од личност која не е слободна, а симпатиите ќе бидат обострани. Тоа може да ве воведе во тајна емотивна врска.

Близнаци


Опуштите се и уживајте во магијата која ја носи овој убав месец. Ќе бидете активни на љубовен план, но тоа ќе ви донесе и многу убави моменти и уживања.
Чувствувате потреба да бидете во врска од слободен тип, без посебни обврски. Ќе запознаете личност која е отворена за таква врска и ќе се гледате повремено. Остатокот од времето ќе им го посветите на пријателите.

Страни: 1 2 3 4