Љубопитни факти за Дедо Мраз



Дедо Мраз сигурно прави листа и ја проверува два пати, за да ги оддели послушните од непослушните деца. Но, тој исто така ќе треба да се бори со законите на физиката на Бадник, пренесува “Дејли мејл”.


 

Дури и да претпоставиме дека Дедо Мраз нема работа со некои религии, тој сепак ќе треба да испорача подароци на 378 милиони деца за релативно кратко време, проценува истражувачот Линда Харден.


 

Благодарение на ротацијата на Земјата ќе има цели 31 часа, за да ги испорача подароците, наместо само 24 часа, ако претпоставиме дека лета од Исток на Запад.


 

Претпоставувајќи дека во секое домаќинство има 3,5 деца, ова значи дека добриот старец ќе мора да посети 91,8 милиони куќи.

 

Тој ќе мора да прави 822,6 посети во секунда, за да се справи или ќе остане околу еден илјадити дел од секундата во секој дом, за да им испорача подароци на сите.

 

Санките на Дедо Мраз ќе треба да се движат со брзина од 1050 километри во секунда, што е 3.000 пати поголема од брзината на звукот и 0,35% од брзината на светлината.

 

При слична брзина, можно е белобрадиот старец да започне да се чувствува релативистички со одложување на времето, поради што старее малку побавно од останатите луѓе на Земјата.

 

Тоа донекаде ја објаснува неговата постојана способност да снабдува Божиќни подароци.

 

Освен тоа тој ќе носи значителен број подароци, што уште повеќе ги усложнува работите.

 

Ако секое дете добива подарок до 0,9 килограми, санките ќе тежи над 320 000 тони, речиси колку тежината на Empire State Building, која е 370 000 тони.

 

Просечниот елен може да влече само 135 килограми, па во ова сценарио ќе бидат потребни 214 200 елени. Но, со оглед на фактот дека елените на Дедо Мраз летаат, тие можеби да бидат способни да се справат со тешкио товар.

 

Ајде да размислиме и за џуџињата – 3000 од нив мора да работат по осум часа дневно во текот на целата година, за да се направат доволно подароци за секое добро дете.

 

Да се надеваме дека Дедо Мраз постапил согласно со науката, за да ги достави сите подароци и оваа година