Кратка или долга коса – еве како како да дознаеме што повеќе ни одговара

Англиски стилисти го открија “правилото на петте сантиметри”, со што секоја жена може лесно да утврди дали ќе и одговара кратка фризура, или е подобро да носи долга коса, пишува во “Дејли мејл”.

За да се утврди тоа, на дамите единствено им треба молив и метро.

Ако растојанието помеѓу линијата на врвот на брадата на жената и крајот на нејзиното уво е под 5,5 сантиметри, тогаш таа смело може да носи кратка коса. Но, ако тоа е поголемо, тогаш препорачливо е носењето на долга коса.

Хоризонтално под брадата ставете еден молив. Потоа со метро измерете го вертикалното растојание од врвот на увото до моливот.

Измереното растојание не треба да надминува 5,5 сантиметри, ако дамата сака да изгледа добро, има кратка фризура и си одговара на пропорциите на нејзиното лице.

Овие едноставни упатства беа дадени од британскиот топ стилист Гајлс Робертсон.

kosafrizura1kosafrizura2

Утврдување во случајот биле аголот и големината на долната вилица. Кога тие се помали, кратките фризури се вклопуваат подобро на лицата на дамите.