Крајот на зимата доаѓа, ова се последните обилни снежни врнежи



Времето утре во Македонија ќе биде умерено облачно со подолги сончеви периоди. Во попладневните и вечерните часови ќе има услови за слаб дожд во пониските места и слаб снег на планините во западните предели.


Температурата ќе се движи од 4 до 11 степени.

Во среда претпладне ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, на планините слаб снег. Во четврток променливо облачно со кратки сончеви периоди.


Во петок ќе имаме повеќе сонце. Температурата нема значително да се менува.