Колку во себе носите негативна енергија и како да се ослободите од неа


Има луѓе кои постојано привлекуваат погрешни луѓе, состојби или чувства и сето тоа го оправдуваат со – живот, судбина или сплет на околности.

Себе често се нарекуваат сурово реални (бидејќи за нив животот е токму таков) и тие што се смешкаат и не паничат околу ништо, се нарекуваат наивни луѓе со главата забиена во песок. Но, од кога тоа да се биде реален задолжително значи работите да се одвиваат во лош правец и дека тоа треба да се прифати како вистина?

Вистина е дека ако очекувате лошо, лошо и ќе ве најде. Па, дури иако се реални изгледите некоја ситуација да се разјасни во ваша корист и тогаш веројатно нешто ќе тргне погрешно како што не треба.

Многу луѓе не се свесни за таквата негативна енергија. Таа многу добро се крие, делува како вродена и никогаш не се доведува во прашање. Пробајте преку одговорите на следниве прашања да го оцените нивото на негативната енергија која ја носите:

Дали се жалите? Често или повремено?

Дали често расправате за тоа што се во светот е лошо и тоа почесто од тоа што е добро во светот (лошо време, лоши услови за живот, ужасен сообрќаај, лоша власт, глупави закони…)?

Дали критикувате? Кого ќе стигнете или само поединци?

Дали ве следат драми и катастрофи (дали можете да се одлепите од телевизорот кога се емитува вест за некоја несреќа или распаѓање на семејство на некои познати личности?)

Дали обвинувате? Постојано или само во одредени ситуации?

Дали верувате дека немате контрола над многу исходи во вашиот живот?

Дали се чувствувате како жртва? Дали зборувате дека други ви направиле ова или она?

Дали сте благодарни за животот кој сега го живеете или ќе бидете благодарни кога според вас, се ќе дојде на свое место?

Дали чувствувате дека нешта ви се случуваат или мислите дека и вие учевствувате во тие настани?

Страни: 1 2 3