Kолку секс неделно имаат потреба жените


Со регуларниот сексуален живот можат да се пофалат 45% од жените во западните земји, според статистиките. Кај други 30% сексот е периодичен, а кај останатите тој или недостасува или се случува крајно ретко.

Во исто време лекарите уверуваат дека здравјето на жената се оштетува од недостатокот на секс – како од физиолошка, така и од психолошка гледна точка.

Се смета дека една возрасна жена има потреба од 2 до 5 пати секс неделно.

Негативните последици од недостатокот на регуларниот сексуален живот се појавуваат уште на 2-3 месеци од “сексуалните пости”.

Жената станува возбудлива, раздразлива, без повод може да подигне глас, да се кара или да се расплаче.

Недостатокот на секс особено јасно избива на надворешноста на жената – почнува да се оштетуваат кожата и косата, и побрзо се појавуваат првите знаци на стареење.