Која е најдобрата возраст за раѓање на деца

Неодамнешна студија утврди која е најдобрата возраст за раѓање на деца. Таа е меѓу 24 и 29 години. Социолозите откриле дека повеќето дами сакале да родат по 24 години.

Секоја трета учесничка смета дека периодот меѓу 19 и 23 години, исто така е погодна за раѓање на детето. Околу 12% од испитаниците сметаат дека најдобро е децата да се раѓаат по 30 години.

Еве што велат за ова прашање, од шпанското секуларно списание “Ола”:

– Ако сте бремена мајка помеѓу 20-30 години, несомнено тоа е најздравата возраст. Циклусот ви е редовен, уште немате хронични болести како висок крвен притисок и дијабетис, ризикот од спонтан абортус или малформации на плодот е под 10%. Телото се прилагодува најбрзо кон промените. Но, сепак сеуште не сте обезбедени добро материјално и професионално.

– Ако имате 30, имајте во предвид дека до 35 години сеуште репродуктивните способности се задржани во висок степен. Во овој период од животот обидувајте се барем една година да зачнете по природен пат, пред да се префрлите на други варијанти.

38 години е границата кога треба да размислите за третман против неплодност. Но, токму меѓу 30 и 40 годишна возраст денешните жени гледаат идеално време да родат, затоа што веќе се чувствуваат посигурни за својата иднина.

– Ако сте наполниле 40, шансите за бременост се намалуваат. И тоа значително. Ако сепак успеете да зачнете, потребен е целосно здрав живот и спокојство, за да ги доведете работите до среќниот крај. Во овие години хормоналните промени предизвикуваат многу поголем замор кај мајката.