Која е идеалната боја на облеката за првиот состанок



Мажите се најмногу склони да создаваат врска со жената која носи црвено на првиот состанок.


Британско истражување покажа дека бојата, која ги воодушевува мажите е црвената, а дамите нужно треба да ја избегнуваат жолтата и кафената, ако сакаат да стигнат до нивното срце. Дамите, од своја страна, ги сметаат мажите за најсекси кога се облечени во сиво.

Жолтата боја ги одбива претставниците и на двата пола во првата средба, а на жените особено многу не им се допаѓаат мажите со розова боја.


Истражувањето покажало и како изборот на облека за средба влијае на привлечноста. Во истражувањето учествувале 1128 жени и 1232 мажи од цела Велика Британија, од кои сите имале врска.

Првично испитаниците биле прашани дали сеуште се сеќаваат на облеката, со кои бил облечен партнерот или партнерката на нивната прва средба. 92 отсто од учесниците изјавиле дека се сеќаваат.


Потоа тие биле прашани која боја им направила најсилен впечаток на првиот состанок и што носел сегашниот партнер или партнерка тогаш.

Запрашани дали бојата влијае врз тоа колку привлечен бил партнерот или партнерката за нив, 69% од анкетираните мажи и 64% од жените признале дека бојата на облеката има значење.