Кој период од годината мажите се најплодни



Мажите се најплодни во летните месеци јули и август, покажува новото истражување објавено во британскиот весник The Independent.


Во пролетта сите почнуваат да мислат за љубов, но во текот на летото мажите е поверојатно да создадат потомство.

Ново истражување покажува дека спермата е поактивна во средината на годината во месеците јули и август. Такви се резултатите од истражувањето, кое траело 11 години со учество на 5.000 лица третирани од неплодност.


Неплодноста се дефинира како неможност да зачнете дете 12 месеци по првиот обид за забременување. Тоа влијае меѓу 15 и 20% од паровите, а со возраста се зголемува ризикот.

Машкиот стерилитет е виновен за половина од случаите, а главниот проблем е во подвижноста на сперматозоидите. За да ја оплоди јајце клетката, тие треба да пливаат во грлото на матката, матката и јајцеводите на жената.


Страни: 1 2