Кој хороскопски знак е најголем журкаџија | Lady

Кој хороскопски знак е најголем журкаџија

Верувале или не, ама хороскопскиот знак одредува како се забавувате.

Прочитајте што велат ѕвездите околу тоа:

Овен

Овенот е првак за смислување на лудости и забавни игри, ќе му биде досадно ако вечерта нема возбудлива завршница и правење на нешто тотално откачено, како што е правење склекови во 3 навечер, фрлање петарди, трка со автомобили, или испровоцирана голема расправија.

Бик

Биковите сакаат богата трпеза на домашни вкусни јадења, а доброто друштво и пеењето на песни се нивниот вистински начин на забава.

Близнаци

Близнаците знаат тотално да откачат. Забораваат на своите години и се однесуваат како тинејџери: музика до даска, играње до зори, многу пиење и запознавање со многу луѓе и – флерт и мување.

Рак

Раковите се чудни. Понекогаш може да бидат најзабавните личности во просторијата, засмевајќи ги сите околу себе, а знаат да бидат и потполно депресивни. Нивната аура на расположение е неверојатно силна. Во секој случај, сакаат поинтимни забави со потесен круг на пријатели.

Лав

Лавот е најдобриот организатор на журки! Тој сака да биде крал на забавата и тоа да биде најбогатата и најлудата журка која долго ќе се памети. Кај нив се мора да биде нај нај нај…

Девица

Девиците ретко откачуваат, но тоа не значи дека не уживаат. Секогаш си наоѓаат добри соговорници меѓу присутните, а тоа многу често ги впушта и во нова љубовна авантура.

Вага

Вагите тешко се опуштаат. Но затоа ќе се потрудат да изгледаат фантастично и да ги шармираат сите во просторијата. Тоа им помага во воспоставувањето пријателска и забавна комуникација.

Скорпија

Скорпиите сакаат флертувачки и несекојдневни активности! Типично обожаваат покер на соблекување, играње по маси и столови и црн хумор. Ако не се расположени, ќе си седат повлечени на страна.

Стрелец

Стрелците се најдобрите забавувачи – сите ги сакаат на своите забави. Знаат да го пофалат изгледот на другите, добрата храна, знаат да кажат добра шега и да ги насмеат оние околу нив. Обожаваат алкохол.

Јарец

Јарецот не знае за средина. Или се претерано мирни, или тотално забегуваат. Знаат да се впуштат во непознато друштво, да бидат најгласни, да се соблекуваат или да викаат по улица, да напраат некаква глупост што сите ќе ја забележат.

Водолија

Водолиите најчесто ги земаат работите во свои раце и ги анимираат цело друштво. Најдобро се чувствуваат на помали забави, каде што може да доминираат. Не се мегаломани во потребите, сакаат добра музика и малку за пиење.

Риби

Рибите обожаваат гласна музика и журка што трае цела вечер. Сакаат и караоке, гитара и пиење. Ако се со партнер, обожаваат да пеат со него во дует.