Кој е македонецот што ја соблече Сораја



Македонскиот дизајнер Златко Јовановски го дизајнираше контроверзниот фустан со кој српската старлета Сораја се појави на снимањето на „Амиџи шоу“. Шоуто што оди на ТВ „Пинк“ го води познатиот српски шоумен Огнен Амиџиќ кому Сораја му беше гостинка во креација во која за едната града недостига парче ткаенина во дизајнот. Креацијата е со потпис ЈЗЈ.


„ Сораја е дама што може сѐ да износи онака како што треба, женствено со доза гламур.

Пред сѐ, многу ми е драго што е ексцентричен лик што во потполност ѝ веруваше на мојата идеја и без размислување ја прифати креацијата“, изјави дизајнерот Јовановски за „Репортер“.


Златко е еден од македонските дизајнери чија колекција со потписот ЈЗЈ беше претставена лани на Модниот викенд во Лондон.

Погледнете ги фотографиите од креацијата на Сораја:


Ова се фотографиите од креаторот Златко Јовановски