Кој дел од телото кај жената е најмалку секси?



Во истражувањето што го спровеле научниците од Универзитетот Бангор и Витватерсранд во Јоханезбург, стапалата го извлекле најкраткиот стап и тие се прогласени за дел од телото што е најмалку секси.


На испитаниците им биле понудени 41 дел од телото за да оценат кој колку им е секси, а резултатите се објавени во магазинот Cortex.

На второ место на негативната листа се колената, а како најсекси делови од женското тело за мажите се грбот и нозете, додека за жените тие делови од машкото тело се целосно неинтересни.


Истражувањето покажало и дека мажите имаат речиси еднаков број ерогени точки како и жените.

Многумина сметаат дека женското тело е преполно со ерогени зони, а мажите имаат само една ерогена точка.


Сепак бројот на ерогени зони е ист, но жените можеби имаат предност – вели професорот Оливер Турнбул.
Најерогени делови на телото се гениталиите, устата, ушите и колковите.