Кого да сакаш повеќе – Мајка ти или жена ти?



Автор: Драган Таневски


Брат, немој да дозволиш да те стават во позиција да бираш меѓу мајка ти и жена ти. Ако те сакаат, нема да дозволат такво нешто. А ти можеш да направиш многу да не дојде до тоа. Да, сакај ги како што треба. Со цело срце.

Мајка ти како онаа што те родила и одгледала. Како онаа што те научила да сакаш. Жена ти сакај ја како онаа што ти ги исполнува и телото и душата. Како онаа што ќе ти подари дечиња и дом.


Разбери, тоа се две посебни места во срцето. Не едно. Ако ги сакаш со цело срце, тие нема да се почувствуваат како втори. И ако така ги сакаш, ќе направиш тие да станат најдобри другарки.

Зборувај убаво за двете. Не им наоѓај маани. Дај се од себе да не осеќаат празнина. Дека ниедна мајка не заслужува да остане без син. Ниедна жена не заслужува да остане без маж. И ако до тоа дојде, верувај ми, постои голема шанса ти да бидеш виновен.