Кога е најдобриот период од животот за почеток на сексуалниот живот


Кога е најдобриот период за почеток на сексуалниот живот, откриваат американските научници. Тоа е меѓу 18 и 19 години. Причината е дека на таа возраст и момчињата и девојчињата достигнуваат физичка и психичка зрелост за овој чекор.

Во истражувањето на стручњаците учествувале 5.000 млади лица помеѓу 14 и 25 години. Околу 50% од нив биле интимни, пред да наполнат 16 години, и повеќето не го познавале добро партнерот и не користеле заштитни средства.

39% од учесниците пак имале секс за прв пат на возраст меѓу 16 и 21 години, а 40% од нив го направиле со партнер со кој се одамна во врска. 60% користеле кондом.

Само 10% од волонтерите во тестот почнале да прават секс по 21-виот роденден.