Какво време не очекува наредните денови и за Велигденските празници



Поради продор на потопла воздушна маса од југ во текот на денешниот ден понеделник (10.04.2017) времето во државата ќе биде сончево и релативно топло попладне со мала до умерена облачност, нешто повеќе облачност ќе има во западните планински предели каде не се исклучува можноста за локален, слаб и краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.


Максималната температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 16 до 22 степени.

Иако има уште 6 денови до Велигденските празници сепак добро би било да дадеме една првична информација околу временската состојба која ќе служи за ориентација и никако не смее да се земе здраво за готово (да не се зема за сигурна информација).


За време на претстојниот празничен викенд времето во државава ќе биде претежно стабилно, сончево и релативно топло време. Во сабота ќе дува слаб до умерен ветер од променлив а во недела умерен ветер од јужен правец кој повремено ќе се засилува по интензитет. Во недела доцна попладне и навечер зголемување на облачноста и услови за повремен локален дожд.

Во сабота максимум на температурите од 12 до 20 степени додека во недела потопло со максимални температури од 16 до 22 степени.


Временската прогноза ја подготви метеомакс.мк