Какво време не очекува денес



И на самиот почеток од новата седмица територијата на Македонија ќе биде во поле на висок воздушен притисок (антициклон).


Денес (13.02.2017) времето ќе биде умерено, на повеќе места значително облачно со слаб ветер претежно од источен правец. На повисоките планински места ќе има магла и ниска облачност каде ќе има услови и за слабо провејување на снег. Во текот на денешната ноќ кон денот вторник облачноста насекаде ќе се намалува со што ќе услови речиси насекаде негативни температури на воздухот.

Денес (понеделник) минималната температура на воздухот ќе се спушти во интервалот од -4 до 2 степени.


Максималната температура на воздухот ќе се искачи во интервал од 2 до 8 степени.

Временската прогноза ја подготви Славчо Попоски, meteomax.mk