Како сексот го обликува женскиот задник

Според експертизата на интернет, за време на сексот се лачат хормони што го менуваат женското тело. Среќа што на темата се прашани и вистински експерти.

Газот поминува низ разни фази во текот на сексуално активните години, ама големината во голем дел има врска со Орео колачите, за жал. Меѓутоа, се чини дека многу го прифаќаат почетниот став. Ако го изгуглате ова прашање, ќе ви излезат купишта женски форумски дискусии.

Често ќе налетате на жени кои се колнат дека „суштината на сексот е подготовка на телото на жената за бременоста (ама не е), така што кога имате секс, вашето тело природно размислува за тоа да се подготви за дете“; или жени кои тврдат дека заради сексот бедрата им се пошироки или газовите им се поголеми. Од друга страна, дури и некои блогери ќе ви кажат дека „да, сексот може да влијае на тоа да ви порасне газот, ама може и седењето во кола на пат до работа, бидејќи и таму можете да ги затегнувате и опуштате истите мускули“. На истите форумски дискусии има и многу од тие кои го отфрлаат ова тврдење како мит, но и понатаму има многу неодлучни по прашањето дали во оваа долгопостоечка гласина има парче вистина.

На основно ниво, познато е дека хормоните влијаат на тоа како женските тела изгледаат и како жените во нив се чувствуваат – а сексот го менува нивото на хормони во телото на многу начини. Под еден, сексот влијае на окситоцинот – ‘љубовниот хормон’ одговорен за тоа жените да се чувствуваат приврзано за нивните сексуални партнери; телото го испушта дури и при гушкање или бакнување, ама количината испуштена непосредно пред оргазмот е значително поголема. Сексот исто така стимулира и ослободување на допамин – ‘хормонот на среќата’, заради кој жените се чувствуваат како да имаат потреба која мора да се задоволи, а кога доживуваат оргазам, телото ослободува дехидроепиандростерон – што практично е стероид составен од сите тие хормони и заслужен за блаженото чувство при оргазмот. Во медиумите дури и се шпекулира дека што почесто жената има секс, повисоко е нејзиното ниво на естроген, а тој естроген може да влијае на нејзината телесна тежина и изглед. За да биде поинтересно, некои понови студии велат и дека дури и хормоните во спермата (тестостерон, естроген, пролактин и неколку други различни простагландини) практично можат да се пренесат на жената и да ѝ влијаат и физички и ментално.

Страни: 1 2 3