Како се лутат хороскопските знаци? | Lady

Како се лутат хороскопските знаци?

Овните немаат трпение

Ништо не ги вознемирува припадниците на овој знак како недостатокот на преданост и непочитување на редот, а во состојба се да се се налутат и за најмала ситница, бидејќи секоја навреда ја доживуваат како напад на егото. Бидејќи се исклучително темпераментни, во нападите на бес не бираат средства за да му се спотоивстават на противникот. Но, ако другата страна остане мирни, Овните брзо ќе оладат. Исто така, голема е веројатноста дека први ќе се извинат, што го олеснува конфликтот.

Биковите имаат многу трпение, и не треба да се предизвикуваат

Трпеливи, мирни и промислени се припадниците на овој знак кои имаат најсилни нерви во зодијакот. Сепак, ако секогаш го предизвикувате нивното трпение, чувајте се, бидејќи ќе слушнете за што се ви замерува од првиот моменти кога ве запознале. Негативната страна на Бикот е што не престанува да тежнее за правда , па и со години чека за да се одмази на некој кој им направил неправда.

Близнаците лутината ја изразуваат преку зборови

Весели и хиперактивни, Близнаците во расправии настапуваат дипломатски и имаат вештина да направат пресврт во расправијата. Ако се разбеснат, ќе посегнат по ниски удари, зборови кои го погодуваат противникот онаму каде најмногу го боли. Тогаш и ќе викаат и нема да ги слушаат аргументите на другата страна. Но добрата страна е што брзо ќе им помине, па спремни се да поминат преку караници без големи последици.

Раковите трпат и ретко имаат изливи на бес

Припадниците на овој знак се грижливи, драги и добродушни и не сакаат непријатни ситуации кои со сила се трудат да ги избегнат. Толерантни се и ретко се провоцираат до таа мера да ги изгубат нервите. Голема е веројатноста Ракот едноставно да го заврти грбот на среде расправија, но тоа не значи дека не се темпераментни, туку само дека имаат одлична самоконтрола. Поради тоа често пати насобираат бес и фустрации во себе.

Лавовите се лутат, но не се опасни

Иако се припадници на овој темпераментен знак, тие не си ни приближно експлозивни како Овните. Раздразливи се, но ако некој ги навреди стануваат ладни и пресметливи. Кога се лути, се поставуваат критички кон другата страна но допуштаат да им се укаже доколку згрешиле. Бидејќи се егоистични, понекогаш правдата ќе ја истераат и со викање.

Девицата ги контролира своите емоции

Иако голем број припадници на овој знак се смирени и ги контролираат своите емоции, постојат и оние кои во лутина прават многу незгодни сцени. Сите припадници на овој знак мразат да губат во расправии, па со сите сили ќе се трудат да се претстават себеси како морален победник. Не се склони кон расправии во јавност, бидејќи им е многу важно другите да ги сметаат за културни, што докажува колку може да се контролираат и да чекаат вистинско време за напад. Расправата обично ја започнуваат за ситници и со ситни провокации.

Вагата може со часови да се кае

Припадниците на овој знак ретко на кого ќе му покажат како изгледа нивното вистинско лице за време на расправија, но кон блиските луѓе може да покажат како изгледа нивниот бес. Вагата може многу да повреди, а поради тоа се во состојба се со часови да се каат. Во најсилните моменти на бес тие излегуваат од расправиите, спуштаат телефон и избегнуваат конфронтирање.

Шкорпијата провоцира, но не ја губи контролата

Помалку арогантни и манипулативни, Шкорпиите повеќе го покажуваат колку се темпераментни, отколку колку расправиите ги вадат од такт. Подоцна, си замеруваат себеси што пред други покажале слабост, но најчесто започнуваат расправија ако чувствуваат дека не се приоритет на блиските околу нив. Понекогаш се расправаат без причина, само за да и покажат на другата страна каде се границите и колку тие се спремни да толерираат.

Темпераментот на Стрелецот е непредвидлив

Во расправиите, припадниците на овој знак се ирационални и немаат почитување кон туѓите емоции. Ќе ја нападнат другата страна без план, а од фазата на викање во фазата на плачење преоѓаат лесно. Сепак, еднаш изразениот став не го менуваат, а потребно им е многу убедување за да ги простат туѓите навреди. За нив најдобро е да не влегуваат во расправии одма, туку важните одлуки да ги размислат.

На Јарците им треба време да се смират

Практични и дисциплинирани, Јарците се чувствителни на туѓите потреби и емоции, а во расправиите обично се трудат да го согледаат вистинскиот извор на несогласувањето. Бидејќи под нивната ладнокрвност се многу емотивни, нема да можат да ги контролираат своите емоции ако почувствуваат дека нивните добри намери се доведени до прашање. Се трудат да не збеснат, спремни се на отстапки поради „општото добро“, иако имаат потреба се да биде по нивно. По тешки расправии, може со денови да ќутат додека не се смират.

Водолијата брзо се лути, но брзо и заборава

Припадниците на овој знак најчесто ги губат нервите ако се сретнат со ограничувања или ако им се приговори дека изневериле некои очекувња. Воопшто не се самокритични, така што за својата евентуална вина  може да размислуваат и со денови по расправијата. Најважно им е да нагласат дека никој не може да управува со нив, но тоа најчесто не е вистина бидејќи се робови на својата нервоза. Сепак, брзо забораваат и спремни се да пројдат преку расправија, дури и навреда ако и другата страна е спремна на тоа.

Рибите сè доживаат лично

Припадниците на овој знак обично се пречувствителни, а бидејќи не сакаат нивните емоции да бидат повредени, се трудат тоа да не им го прават и на другите луѓе. Сепка, ако ги изгубат нервите, може да спремат по малку театрални сцени и да бараат да бидат сами. Откако ќе се оладат, а тоа е брзо, имаат силна потреба одма да ја средат ситуацијата. Дури и сами ќе побараат прошка, иако не се криви.

Превземено од скопје инфо