Како да си помогнете доколку ве мачи кашлица



Зимата е во полн замав и настинките и вирусите ни се чести “гости”. Кашлицата е природен заштитен рефлекс, со кој се отстрануваат вируси, бактерии, честички од нечистиот воздух, непотребен секрет. Затоа лесната кашлица, која не го нарушува сонот на детето, не треба да се потиснува.


Ако земете лекови за потиснување на кашлицата, секретот ќе отиде во респираторниот систем, а тие се идеална средина за развој на бактерии. По неколку дена ќе почне температура и ситуацијата да се влошува.

Најважно е да се лекува причината која довела до кашлица.Таа може да е предизвикана од секрети од носот во грлото, да има воспалена слузница на фаринксот и крајниците која исто предизвикува иритација. Тоа се најчестите причини за кашлица. Во овие случаи најпогодна е гаргарата со камилица и сода.


Не заборавајте на течностите! Густиот жилав секрет треба да излезе надвор, за да престане кашлицата. Тоа станува со пиење на повеќе течности според преференциите чаеви, сокови и водата. При третман со чаеви најчесто кашлицата се лекува се подбелот, мајчината душица, жалфијата, камилицата, липата. Може да го засладит со мед за подобар ефект.

Страни: 1 2